Реконструирано постојно детско игралиште во населбата Милково брдо помеѓу улиците Григор Прличев и Велко Влаховиќ



Среда, 06 Мај 2015 12:10
Во изминатиот период од две седмици Општина Делчево изврши целосна реконструкција на постојно детско игралиште на локација бр. 3 во населбата Милково брдо помеѓу улиците Григор Прличев и Велко Влаховиќ.
• Извршена е целосна замена на постојното мрежно плетиво со нова мрежна арматура,
• Поставени се нови седалки за клацкалките кои целосно беа уништени,
• Поставена е една нова клацкалка,
• Целосно се заменети уништените дрвени елементи на клупите,
• Поставени се нови седалки на лулашките,
• Извршеное целосно префарбување на сите елементи, клупите, клацкалките, лулашките, летниковците и мрежното плетиво.
Општина Делчево апелира до жителите на урбаните заедници каде се лоцирани детските игралишта и спортски терени да обратат поголемо внимание на зачувувањето на истите и доколку биде забележано уништување на истите да пријават до надлежните институции.
СОСТОЈБА ПРЕД
Коментари кои содржат навредлива содржина по било која основа нема да се објавуваат.
Коментари кои содржат несоодветни зборови нема да се објавуваат.
Коментари кои се упатени на други коментари а се со содржина која не е поврзана со содржината на текстот на статијата нема да се објавуваат.