Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности

MFPRBB logo

На  14-15 мај, 2015г, во рамките на проектот “Мерки за заштита од поплави на реките Брегалница и Бистрица”, партнерски проект со Општина Делчево и Општина Благоевград,  се организирна дводневна обука на тема “Управување/Менаџмент со поплави”. Целта на оваа обука е градење на капацитетите на граѓаните и единиците за заштита и управување со кризи од двете општини. На обуката ќе присуствуваат претставници од релевантни институции и организации од  Делчево и Благоевргад. За време на обуката, експерти од  областта за управување со поплави  ќе презентираат  нови примери во управувањето со поплави, ќе пренесат знаења од  релевантната област, а од самата обука се очекува да бидат воспоставени партнерства и мрежи, а како резултат од партиципативните барања ќе биде изработен акциски план за управување со поплави.

Дводневната обуката ќе се одржи во пицерија Панорама со време на започнување во 12 часот.

Проектот “Мерки за заштита од поплави на реките Бреганица и Бистрица” e финансиран од Европска Унија преку ИПА Програмата за прекугранична соработка Бр. CCI 2007CB16IPO007

Share/Save/Bookmark