Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности

IMG 1941_resize IMG 1945_resize

Денес во салата за состаноци на Општина Делчево петмина авто-такси превозници од Делчево го полагаа тестот за авто-такси сертификат, тие се дел од третата група која го полагаше овој стручен испит.

Испитниот процес го спроведе овластената фирма - АСУЦ „Боро Петрушевски“- Скопје во присуство на овластени лица од Општина Делчево.

Потребата од стекнување на сертификат за авто-такси возач произлегува од суштинските измени во Законот за превоз во патниот сообраќај и сертификатот е задолжителен и тој е еден од условите за добивање на лиценца за вршење на авто такси превоз.

Share/Save/Bookmark