Postapki i_proceduri Gradezni dozvoli 

Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности

IMG 2117_resize

Во чест на патрониот празник на Делчево деновиве со низа културни настани се оддава почит на светите браќа, сесловенските просветители – Св. Кирил и Методиј.

IMG 2048_resize IMG 2049_resize

IMG 2128_resize IMG 2130_resize

Во петокот по претходно распишаниот меѓународен конкурс на афоризам и карикатура кој е дел од фестивалот „Пијанец 2015“ за кој твореа автори од цел свет на тема „Внимавај, човек“, на официјална прес-конференција беа прогласени победниците на фестивалот. Главната гала вечер на афоризми со оглед на сатиричниот и афористичниот карактер планирано е како и минатите години традиционално да се одржи во септември за што јавноста ќе биде дополнително известена.

Во саботата пак Општина Делчево, предводена од градоначалникот Дарко Шехтански организираше забава за најмалите. На летната сцена во Градскот парк настапи хорот Златно славејче. Водител на целиот настан беше познатиот македонски пејач Влатко Илиевски. На крајот од едночасовната забава, беше приредено едно мало изненадување за присутните дечиња кои од орагнизаторот добија сокчиња - ВИВА, како освежување од топлото време.

Недела со почеток од 07.00 часот во новоизградениот дел од храмот „Св. Кирил и Методиј“се одржа Света архиерејска литургија на која чиноначалствуваше Митрополитот Брегалнички г. Иларион.

Во 10:00 часот со свечена литија присутните верници се упатија кон средното општинско училиште „Методија Митевски - Брицо“, во дворот на училиштето, на местото каде пред 54 години постоела црква која го носела името на словенските просветители, светите браќа Кирил и Методиј, но била урната од тогашниот режим. По тој повод неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион заедно со Градоначалникот на Општина Делчево г-дин Дарко Шехтански прекршија славски колач.

IMG 2139_resize IMG 2140_resize

IMG 2143_resize

Во рамки на предвидената програма со почеток во 11:00 часот, градоначалникот Шехтански го пушти во употреба реконструираното детското игралиште на улицата Кеј на Ослободување во населбата Ново Делчево и истото беше осветено од Митрополитот Брегалнички г. Иларион .

Станува збор за реконструкција и ревитализација на површина од 1350 метри квадратни во кои е изградено ново детско игралиште со димензии 25х36 односно 900 метри квадратни, при што е поставена урбана опрема (лулашки, клацкалки, лизгалка и други пластични елементи), поставени се места за седење и електрично осветлување, извршено е и хортикултурно и партерно уредување.

Со пуштањето во употреба на реконструираното детско игралиште во површина од 1350м2 , изградениот паркинг простор со корисна површина од 910 м2 за вкупно 39 паркинг места, новиот градски парк покрај кејот на река Брегалница со површина од 9100м2 и предходно изградениот парк со езерца кај споменикот на Гоце Делчев, како и двојниот терен за тенис кој е во процес на изградба покрај Градскиот стадион се добива огромна површина која делчевчани од сите возрасти ќе можат во своето слободно време да ја користат за спорт,рекреација и дружење со своите најблиски.

IMG 2100_resize IMG 2105_resize

IMG 2162_resize

Share/Save/Bookmark

Коментирај

Коментари кои не се поврзани со текстот што е објавен, нема да се објавуваат.
Коментари кои содржат навредлива содржина по било која основа нема да се објавуваат.
Коментари кои содржат несоодветни зборови нема да се објавуваат.
Коментари кои се упатени на други коментари а се со содржина која не е поврзана со содржината на текстот на статијата нема да се објавуваат.


Последни актуелни информации

Објавено на 16 Ноември 2017, 14.14 од Д.Чапевски
2017-11-16-13-22-48  Согласно годишната програма на одделението за превенција заштита и спасување денес со почеток во 11 часот и 10 минути се одржа вежбовна активност  - симулација на пожар во ЕЛС...
Објавено на 15 Ноември 2017, 14.25 од Д.Чапевски
2017-11-15-13-40-34 Седницата ќе се одржи на 17.11.2017 (петок) во ООУ „Ванчо Прке“ со почеток во 14.00 часот. За седницата е предложен следниот Дневен ред -Усвојување на Записникот од Конститутивната...
Објавено на 11 Ноември 2017, 09.37 од Д.Чапевски
-------fierce-- Во салата на Спомен дом „АСНОМ“ со почеток во 20:00 часот во Петок се одржа несекојдневен настан за Делчево. Младите џез музичари Fierce од Скопје одржаа двочасовен концерт пред делчевската публика....
Објавено на 07 Ноември 2017, 13.58 од Д.Чапевски
2017-11-07-12-59-09  Денес  07.11.2017, со почеток во 11:00 часот во фоајето на Спомен Дом „АСНОМ“  се одржа првата информативна форумска сесија во рамките на проектот „Здружени сили за заеднички интереси“....
Објавено на 06 Ноември 2017, 14.21 од Д.Чапевски
2017-11-06-13-47-20 Изградбата на пречистителна станица за вода за пиење во Делчево конечно станува реалност. Конечно ќе се реши деценискиот проблем на жителите со достапот до чиста вода за пиење. Денес во кабинетот на...
Објавено на 06 Ноември 2017, 11.58 од Д.Чапевски
2017-11-08-11-02-17 Есенскиот џез караван може да почне! На 10ти ноември ќе се одржи првиот концерт организиран во рамки на манифестацијата Есенски џез караван.За почеток на караванот се резервирани младите,...
Објавено на 30 Октомври 2017, 12.41 од Д.Чапевски
2017-10-30-11-53-33 После извршените подготовки на терен, денес започнаа градежните активности за реконструкција на Питу Гули. Грант средствата за реконструкција на ул. Питу Гули се обезбедени од ЕУ преку ИПА...
Објавено на 27 Октомври 2017, 12.11 од Д.Чапевски
-2017-2021 Денес, 27.10.2017 година со почеток во 12:00 часот во салата на Спомен дом „АСНОМ“ се одржа Конститутивна седница на Советот  на Општина Делчево. Седницата ја започна досегашниот претседател на...
Објавено на 25 Октомври 2017, 14.33 од Д.Чапевски
2017-10-25-13-45-21 Со Решение број 09-1234/1 од 25.10.2017 година, за петок (27.10.2017) со почеток од 12:00 часот е свикана Конститутивната седница на новоизбраниот Совет на Општина Делчево. Седницата ќе се одржи во...
Објавено на 24 Октомври 2017, 12.22 од Д.Чапевски
-2017-2021- Денес  24.10.2017 со почеток во 12:00 часот во салата на Спомен дом „АСНОМ“  се одржа свечен настан на кој беа доделени уверенијата за Градоначалник и советници во Советот на Општина Делчево...
Објавено на 23 Октомври 2017, 10.10 од Д.Чапевски
-23-2017 Со полагање на буќети свежо цвеќе на споменикот на големиот македонски револуционер и деец на тајната македонска организација - Гоце Делчев, денес беше одбележан 23-ти Октомври Ден на македонската...
Објавено на 13 Октомври 2017, 08.37 од Д.Чапевски
2017-10-13-07-45-07 Имајќи го предвид Нацрт записникот на Дваесет и шестата седница на Владата на Република Македонија одржана на 05.09.2017 година, а во врска со Декларативните заложби на Владата на Република Македонија...
Објавено на 05 Октомври 2017, 12.57 од Д.Чапевски
-11-     По повод 11-ТИ ОКТОМВРИ -  “Ден на  востанието на македонскиот народ“, Општина Делчево предовдена од градоначалникот Дарко Шехтански Ве поканува свечено да го прославиме...
Објавено на 15 Септември 2017, 13.10 од Д.Чапевски
-2017 Општина Делчево ги известува сите заинтересирани лица кои сакаат да ги користат услугите од програмата „Општинско- корисна работа 2017“, проект „Подобри услуги за подобри луѓе“, да се пријават во...
Објавено на 14 Септември 2017, 14.33 од Д.Чапевски
-20172018  Врз основа на Договорот за соработка помеѓу Агенцијата за вработување на РМ (АВРМ), Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и Општина Делчево, Оперативниот план за активни програми и...
Објавено на 12 Септември 2017, 08.06 од Д.Чапевски
2017-09-13-07-13-02  Започната е изградба на крак за атмосферска канализација по дел од улица "Македонска" во населбата Милково брдо. Оваа нова линија ќе придонесе кон надминување на неповолната постоечка...
Објавено на 04 Септември 2017, 07.56 од Д.Чапевски
-q-2017q Општина Делчево има чест и задоволство да Ве покани на манифестацијата Пијанечки денови на сливата 2017 која ќе се одржи од 07.09.2017,плато пред спомен дом АСНОМ во Делчево. Програма 17:00 часот...
Објавено на 17 Август 2017, 10.51 од Д.Чапевски
2017-08-17-09-56-34 Врз основа на член 35 став 3 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл.Весник на РМ бр. 199/2014, 44/2015,193/15, 31/16,163/16),член 50 точка 4 од Законот за локална самоуправа ("Сл.весник на...

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес599
mod_vvisit_counterВчера900
mod_vvisit_counterОваа недела5661
mod_vvisit_counterПретходна недела7042
mod_vvisit_counterОвој месец18212
mod_vvisit_counterПретходен месец26811
mod_vvisit_counterВкупно1723488

Присутни online: 14
Ваша IP: 54.80.146.251
,
Денес: Ное 18, 2017

Интерактивни мапи

Плански региони во Р.М.