Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности

IMG 2224_resize IMG 2210_resize

IMG 2213_resize

Економскиот тим на чело со премиерот на Владата на Р.Македонија г-дин Никола Груевски, Директорот на дирекцијата за ТИРЗ , г-дин Виктор Мизо, пратеници од Собранието на Р.М денес присуствуваа на свеченото поставување на камен-темелникот на технолошко - индустриската развојна зона во Делчево, која воедно е и 14-та по ред во Р.Македонија. 


На почетокот свое обраќање пред присутните граѓани и стопанственици од Делчево имаше директорот на дирекцијата за технолошки - индустриски развојни зони Виктор Мизо кој во своето обраќање даде осврт на досега изградените ТИРЗ во целата држава, го образложи начинот и функционирањето на истите како и поволностите кои што ги имаат како странските така и домашните инвеститори кои се одлучуваат да инвестираат во овие технолошко-индустриски развојни зони.

IMG 2229_resize IMG 2232_resize

Градоначалникот на општина Делчево, Дарко Шехтански во своето обраќање истакна дека штетата која што во минатото ја имаат направено некои други претставници на власта на бизнис секторот во нашата општина со затворањето на фабриките во Делчево, од кои голем дел претставуваа големи гиганти во текстилната индустрија како и земјоделието, сега со изградбата на ТИРЗ Делчево, нашиот град повторно ја има шансата да заживее и е огромна можност младите да останат во Делчево со што ќе се спречи иселувањето.

IMG 2244_resize

IMG 2240_resize IMG 2217_resize

Претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски нагласи дека особената местоположба на ТИРЗ Делчево која е во близина на границата со Р. Бугарија е добра можност за нејзино развивање и превлекување на странски инвеститори да изградат фабрики во истата. Тој нагласи дека големината на ТИРЗ Делчево од 20 хектари не е конечна и дека во догледно време со постојаното развивање има можности и за проширување.

IMG 2215_resize IMG 2209_resize

IMG 2207_resize IMG 2201_resize

IMG 2201_resize IMG 2197_resize

Паралелно со уредувањето на технолошко- индустриските развојни зони во државата и бројните економски мерки и стимулации, владините тимови задолжени за промоција на инвестициските можности за Македонија, продолжуваат со бројни презентации и промоции во многу светски земји.
- Таквата пракса веќе привлече голем број ивнеститори во земјава. Дел од нив изградија фабрики и работат, дел покрај првата инвестиција влегоа и во втора, како што е примерот со „Џонсон Контролс“ и „Џонсон Мети“. Дел од инвеститорите во моментов градат фабрики, дел се во почетен стадиум на инвестиција, а со многу од нив се уште разговараме и ги убедуваме да го вложат својот капитал во Македонија, посочи Груевски.
Премиерот Никола Груевски истакна дека Владата стои на своите ветувања кои се дадени пред граѓаните и се посочени во програмата, оваа технолошко - индустриска развојна зона е дел од ветувањата дадени за време на локалните избори во 2013 година.

IMG 2249_resize IMG 2258_resize

IMG 2264_resize 

IMG 2266_resize IMG 2271_resize

Share/Save/Bookmark