Postapki i_proceduri Gradezni dozvoli 

Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности

IMG 2494_resize IMG 2495_resize

Советот на Општина Делчево во среда (10.06.2015 година) ја одржа 28-та седница. На седницата беа разгледани и усвоени 21точки од дневниот ред.

Од  особено значење е да се напомене дека Советот донесе Нацрт-Одлука за давање согласност и овластување за потпишување на Договор/и за грант, согласно Договор за финансирање serapis број 2008-0446 помеѓу Република Македонија и Европска инвестициона банка за Проект: 

“Водоснабдување и одведување на отпадни води“ во врска со 
Законот за задолжување на Република Македонија со заем кај Европската инвестициона банка по Договорот за заем по Проектот „Водоснабдување и одведување отпадни води“ (“Службен весник на Република Македонија“ број 83/10) и Одлуката за распределба на средства согласно договорот за заем по проектот „Водоснабдување и одведување на отпадни води“ (“Службен весник на Република Македонија“ број 154/2010), меѓу Општина Делчево и Министерство за транспорт и врски на Република Македонија.  Односно станува збор за проект за изградба на канализација во с.Град со што ќе се реши долгогодишен проблем на жителите од ова село. Воедно важно е да се напомене дека е аплицирано и за проект за изградба на канализација во с.Вирче, за кој се очекува во наредните 10-15 дена да се добие позитивна одлука.

На оваа седница исто така Советот ја усвои Предлог-Одлуката за избор на проект и обезбедување на финансиска поддршка на проектот „Енергетско ефикасни мерки преку замена и поставување на диодни светилки на дел од улиците „М.Тито“ и „М.М.Брицо“ како и осветлување на спортските терени во ООУ „Ванчо Прке“ со диодни рефлектори.

Станува збор за замена на постоечките натриумови светилки со диодни, со што е предвидено зголемување на заштедата на електричната енергија како и подолг рок на траење на светилките. Проектот е аплициран преку Швајцарската агенција за развој, грантот изнесува 700.000денари, а општината учествува со 140.000 денари.

Донесени се и одлуки за решавање на инфраструктурата на дел од улици во населбата Ѕвегорска река, како и Одлука за утврдување на приоритет на проект „Реконструкција на дел од локален пат А3 Делчево-Очипала-Драмче-Вратиславци до спој со А2.

 

 Видеото е превземено од youtube каналот D1televizija:

 


Во продолжение целиот дневен ред:

1.Предлог- Одлука за проширување и измена на распоредот на средствата на Буџетот на Општина Делчево; 

Образлагач: Анка Христова-Раководител на Одделението за финансиски прашања 

2.Предлог-Одлука за избор на проект и обезбедување на финансиска поддршка на проектот „Енергетско ефикасни мерки преку замена и поставување на диодни светилки на дел од улиците „М.Тито“ и „М.М.Брицо“ како и осветлување на спортските терени во ООУ „Ванчо Прке“ со диодни рефлектори; 

Образлагач: Тони Стоименовски-Советник за ЛЕР; 

3.Предлог-Одлука за изработка на урбанистичко-проектна документација- Проект за инфраструктура за дел од Улица П-14 и П-7, опфатена во детален урбанистички план за локалитет „Ѕвегорска Река“ т. бр.2283/06; 

4.Предлог-Одлука за изработка на урбанистичко-проектна документација- Проект за инфраструктура за дел од Улица бр.2, опфатена во детален урбанистички план за локалитет „Ѕвегорска Река“ т. бр.2283/06; 

5.Предлог-Одлука за изработка на урбанистичко-проектна документација- Проект за инфраструктура за дел од Улица П-1, опфатена во детален урбанистички план за локалитет „Ѕвегорска Река“ т. бр.2283/06; 

6. Предлог-Одлука за утврдување на Нацрт-Детален урбанистички план за урбана единица 2, дел од блок 2.7 Централно градско подрачје КО Делчево-Општина Делчево; 

Образлагач: Горан Петровски по точките 3,4,5 и 6-Горан Петровски-Раководител на Одделението за урбанизам.

 7.Предлог-Решение за разрешување на член на Комисијата за јавни дејности; 

8.Предлог-Решение за именување на член на Комисијата за јавни дејности; 

9.Предлог-Решение за разрешување на член на Комисијата за статут и прописи; 

10.Предлог-Решение за именување на член на Комисијата за статут и прописи; 

11.Предлог-Решение за разрешување на член на Комисијата за финансирање и ЛЕР; 

12.Предлог-Решение за именување на член на Комисијата за финансирање и ЛЕР; 

Образлагач: По точките- 7, 8, 9,10,11 и 12- Дарко Тодоровски-Претседател на Комисијата за мандатни прашања, избори и именувања.

 13.Предлог-Мислење на Програмата за реализација на ученичка екскурзија низ РМ за ученици од трето одделение при ООУ „Св.Климент Охридски““ – Делчево; 

14.Предлог-Мислење на Програмата за реализација на ученичка екскурзија низ РМ за ученици од шесто одделение при ООУ „Св.Климент Охридски““ – Делчево; 

15.Предлог-Мислење на Програмата за реализација на ученичка екскурзија низ РМ за ученици од деветто одделение при ООУ „Св.Климент Охридски““ – Делчево; 

Образлагач: По точките 13,14 и 15-Валентина Михаиловска-Директор на ООУ „Св.Климент Охридски“-Делчево.

 16.Предлог – Одлука за утврдување на приоритет на проект „Реконструкција на дел од локален пат А3 Делчево-Очипала-Драмче-Вратиславци до спој со А2“;

 17.Предлог – Одлука за утврдување на намената на проект „Реконструкција на дел од локален пат А3 Делчево-Очипала-Драмче-Вратиславци до спој со А2“; 

18.Предлог – Одлука за утврдување на приоритет на проект „Изградба на дел од улица бр.2, дел од улица П-7, П-12, П-13, П-14, П-15, П-17, П-18 и П-20 во Ѕвегорска Река“ КО с. Ѕвегор“; 

19.Предлог – Одлука за утврдување на намената на проект „Изградба на дел од улица бр.2, дел од улица П-7, П-12, П-13, П-14, П-15, П-17, П-18 и П-20 во Ѕвегорска Река“ КО с. Ѕвегор“; 

Образлагач:  По точките16,17,18 и 19-Тони Стоименовски- Советник за ЛЕР.

 20.Нацрт-Одлука за давање согласност и овластување за потпишување на Договор/и за грант,согласно Договор за финансирање serapis број 2008-0446 помеѓу Република Македонија и Европска инвестициона банка за Проект: 

“Водоснабдување и одведување на отпадни води“ во врска со 
Законот за задолжување на Република Македонија со заем кај Европската инвестициона банка по Договорот за заем по Проектот „Водоснабдување и одведување отпадни води“ (“Службен весник на Република Македонија“ број 83/10) и Одлуката за распределба на средства согласно договорот за заем по проектот „Водоснабдување и одведување на отпадни води“ (“Службен весник на Република Македонија“ број 154/2010), меѓу Општина Делчево и Министерство за транспорт и врски на Република Македонија 

21.Нацрт-Одлука за давање согласност и овластување  за измирување односно пренасочување на средства од буџетската сметка на Општина Делчево. 

Образлагач: Горан Петровски-Раководител на Одделението за урбанизам.



 

Share/Save/Bookmark

Коментирај

Коментари кои не се поврзани со текстот што е објавен, нема да се објавуваат.
Коментари кои содржат навредлива содржина по било која основа нема да се објавуваат.
Коментари кои содржат несоодветни зборови нема да се објавуваат.
Коментари кои се упатени на други коментари а се со содржина која не е поврзана со содржината на текстот на статијата нема да се објавуваат.


Последни актуелни информации

Објавено на 20 Февруари 2018, 11.45 од Д.Чапевски
2018-02-20-11-06-53 Петтата редовна седница на Советот на Општина Делчево ќе се одржи на 23.02.2018 година (петок) во ООУ „Ванчо Прке“ со почеток во 14.00 часот. За седницата e предложен предлагам следниот Дневен...
Објавено на 19 Февруари 2018, 13.53 од Д.Чапевски
--74---- По повод 74-годишнината од Февруарскиот поход, Општина Делчево организира планинарски марш до планината Голак на ден 25.02.2018. За таа цел, Општина Делчево  ги информира граѓаните на Општина...
Објавено на 16 Февруари 2018, 13.16 од Д.Чапевски
2018-02-16-12-20-24 Прв пат преку јавен повик, Општина Делчево ќе ги доделува општинските пари на спортски клубови и здруженија и на граѓански организации од Делчево. Ова е предвидено во новиот Правилник за условите,...
Објавено на 16 Февруари 2018, 11.13 од Д.Чапевски
2018-02-16-10-17-35 Роднокрајни автори од Делчево ќе ги презентираат своите дела во Пландиште, Р. Србија  во рамките на проектот „Презентација на роднокрајни автори и размена на активности од библиотечното работење“...
Објавено на 14 Февруари 2018, 13.11 од Д.Чапевски
2018-02-14-12-14-00 Општина Делчево го формира Локалниот совет за превенција кој е составен од претставници на локалната и централната власт, како и други владини и невладини организации. Локалниот совет за превенција се...
Објавено на 13 Февруари 2018, 13.09 од Д.Чапевски
2018-02-13-12-11-16 Реконструкцијата на регионалниот патен правец село Бигла- Виница во должина од 14 км. ќе започне за две недели. Градежните работи за овој патен правец се влезени во Програмата на ЈП за државни патишта,...
Објавено на 13 Февруари 2018, 12.21 од Д.Чапевски
2018-02-13-11-24-11  Инфраструктурни проекти Приоритет на новата локална власт во Општина Делчево е решавање на инфраструктурните проблеми и создавање услови за реализација на проекти кои треба да донесат подобар...
Објавено на 12 Февруари 2018, 13.49 од Д.Чапевски
2018-02-12-12-50-14 Сто дена-предизвик за поубаво Делчево  Отпочнување нови проекти, дореализација на старите кои носат развој, исплата на дел од старите наследени долгови, но и почеток на градење нов имиџ на...
Објавено на 09 Февруари 2018, 15.49 од Д.Чапевски
m-------------- Имплементацијата на Стратегијата на Ромите и подобрување на квалитетот на животот со посебен акцент на проблемите со домувањето на Ромите беше тема на денешната средба на градоначалникот на Општина...
Објавено на 09 Февруари 2018, 12.59 од Д.Чапевски
-800- - Во моментов, екипите на ЈПКД „Брегалница“ работат на  реконструкција на потисен цевковод од пумпа до резервоар во должина од 800 метри, досега реконструирана е водоводна линија во должина од 160...
Објавено на 08 Февруари 2018, 10.08 од Д.Чапевски
2018-02-08-09-10-02 Општина Делчево информира дека поради дефект на водоводната линија на улиците „Лика Чопова“ и „Ленинова“ во населбата Ново Делчево, денеска во периодот од 08 до 15 часот ќе има прекин во...
Објавено на 07 Февруари 2018, 12.17 од Д.Чапевски
2018-02-07-11-20-03 ЈПКД „Брегалница“ интензивно работи на чистење на дивите депонии во градот. Досега е завршено чистењето на депонијата на реката Брегалница во индустрискиот дел од градот, депонијата за градежен шут...
Објавено на 06 Февруари 2018, 11.45 од Д.Чапевски
2018-02-06-10-49-16 Работната единица за развој и поттикнување на земјоделството од Делчево им соопштува на заинтересираните граѓани, посебно на земјоделците дека ќе организира едукација по јавните повици од ИПАРД 2018 и...
Објавено на 06 Февруари 2018, 11.37 од Д.Чапевски
2018-02-06-10-40-23 Во Јавната локална библиотека „Илинден“ во Делчево расте интересот кај младите за читање книги на англиски јазик. Поради овој факт, ЈЛБ „Илинден” од саемот на книгата во Софија, Р.Бугарија, набави...
Објавено на 04 Февруари 2018, 10.26 од Д.Чапевски
146--------------- Денес 04.02.2018 година се навршуваат 146 години од раѓањето на идеологот, организатор и водач на македонското револуционерно националноослободително движење кон крајот на XIX и почетокот на...
Објавено на 02 Февруари 2018, 13.24 од Д.Чапевски
2018-02-02-12-28-08 Советот на Општина Делчево донесе Правилник за начинот, условите, критериумите и постапката за доделување награди и признанија на Општина Делчево. Со овој Правилник, кој е прв ваков документ, Општина...
Објавено на 02 Февруари 2018, 12.55 од Д.Чапевски
2018-02-02-11-57-33  Четириесет ученици од Делчево денеска се сретнаа со претседателот на македонското Собрание, Талал Џафери и остварија средба со пратеници од македонскиот парламент. Посетата е во рамките на...
Објавено на 02 Февруари 2018, 10.07 од Д.Чапевски
2018-02-02-09-13-12 Согласно Програмата за извршување на јавни работи во Општина Делчево за 2018 година, бр.08-140/1 од 30.01.2018 година, Општина Делчево објавува Јавен повик до сите заинтересирани работоспособни...
Објавено на 01 Февруари 2018, 12.58 од Д.Чапевски
-26-2- Врз основа на член 24 точка 2 од Законот за просторно и урбанистчко планирање ( Сл. Весник бр. 51/05 ) и Законот за изменување и дополнување на Законот за просторно и урбанистчко планирање ( Сл. Весник...
Објавено на 31 Јануари 2018, 10.27 од Д.Чапевски
-4-  Четвртата седница на Советот на Општина Делчево се одржa на 30.01.2018 година (вторник) во ООУ „Ванчо Прке“ со почеток во 14.00 часот. За седницата е предложен дневен редсо 23 точки и на самата...

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес9
mod_vvisit_counterВчера836
mod_vvisit_counterОваа недела2217
mod_vvisit_counterПретходна недела12483
mod_vvisit_counterОвој месец31555
mod_vvisit_counterПретходен месец35919
mod_vvisit_counterВкупно1846844

Присутни online: 7
Ваша IP: 54.167.29.208
,
Денес: Фев 21, 2018