Вторник, 16 Јуни 2015 13:35
Деновиве екипи на ЈПКД „Брегалница“ Делчево успешно ги завршија градежните работи со кои беше изградена делница од тротоар на потегот покрај црквата „Св. Кирил и Методиј“ до новоизградениот парк во населбата Ново Делчево.
Станува збор за изградба на тротоар од бехатон плочки со должина од околу 170м.
Овие градежни активности се дел од проектот „Парковско уредување на дел од Основен проект за уредување на просторот меѓу ул. Кеј на Ослободување, река Брегалница и спортска сала и река Габровчица во Делчево“.
Коментари кои содржат навредлива содржина по било која основа нема да се објавуваат.
Коментари кои содржат несоодветни зборови нема да се објавуваат.
Коментари кои се упатени на други коментари а се со содржина која не е поврзана со содржината на текстот на статијата нема да се објавуваат.