С О О П Ш Т Е Н И Е за спроведување на јавна презентација и јавна анкета по Нацрт - Детален урбанистички план за урбана единица 2, дел од блок 2, 7 измена и дополна -период 2015-2020 Општина Делчево



Вторник, 16 Јуни 2015 14:00
Врз основа на член 24 точка 2 од Законот за просторно и урбанистчко планирање ( Сл. Весник бр. 51/05 ) и Законот за изменување и дополнување на Законот за просторно и урбанистчко планирање ( Сл. Весник бр. 137/07;24/08. 91/09; 124/10; 18/11, 53/11,60/11,144/12,55/13 ,163/13 и 42/14) Градоначалникот на Општина Делчево го донесува следното
Се спроведува јавна презентација и јавна анкета по Нацрт - Детален урбанистички план за централно градско подрачје УЕ 2 дел од блок 2,7 измена и дополна 2015-2020 на град Делчево со вкупен урбан опфат од 2.16 ха
Овој локалитет е дефиниран со следните граници:
- Од североисточна страна граничи со осовината на регулиран водотек на река„Брегалница“ - на југоисточна страна оди по осовината новопланираниот водотек на канал „2“
- на југозападната страна оди пооските на собирната улуца „Маршал Тито“ и сервисна улица „Солунска“
- На северозападна страна оди по надворешната северозападна страна на К.П.бр.7561/1,па се спушта по оската на собирната улица„Методи Митевски Брицо“,се до појдовната точка на опфатот
Јавната презентација ке се одржи на ден 18.06.2015 г во просториите на Спомен дом ,АСНОМ,, ( сала на совет) со почеток во 12 часот и почетокот на јавната презентација вооедно ке претставува и почеток на јавна анкета.
Јавната анкета ке трае 10 работни дена , сметано од денот на одржување на јавната презентација
Нацрт - Детален урбанистички план за урбана единица 2, дел од блок 2, 7 измена и дополна -период 2015-2020 Општина Делчево ке биде изложен во просториите на Општина Делчево и аптека ,, Твоја аптека,, во Делчево и на Интернет страната на Општина Делчево.
Заинтерисираните граѓани и правни лица можат да учествуваат на јавната презентација а во времетраење на анкетата на анкетни листови ке можат да ги дадат своите забелешки и предлози на анкетните листови до Одделението за урбанизам, уредување на и одржување на градежно земјиште и заштита на животна средина при општина Делчево
Соопштението за организирање на јавна презентација и јавна анкета ке бидат објавени во две јавни гласила и на Интернет страната на Општина Делчево .
АНКЕТЕН ЛИСТ превземи тука
Коментари кои содржат навредлива содржина по било која основа нема да се објавуваат.
Коментари кои содржат несоодветни зборови нема да се објавуваат.
Коментари кои се упатени на други коментари а се со содржина која не е поврзана со содржината на текстот на статијата нема да се објавуваат.