Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности

IMG 7205_resize

По реконструкцијата на делница од регионалниот пат P2343, Делчево – Голак во должина од 1,2 километри која беше извршена во втората половина на 2013 година. Јавното претпријатие за државни патишта – Скопје деновиве го објави огласот за рехабилитација на делници од неколку регионални патишта меѓу кои и делницата P2343, Делчево – Голак.

Предвиден  буџет за рехабилитација на оваа делница е во висина од  1.455.000 евра.

Реализацијата на овој проек е од огромно значење за заживувањето на туризмот во Делчево. Со реконструкцијата на оваа патна делница, се решава проблемот за полесен пристап до планината Голак, кој се јавува поради дотраеноста на асфалтот на овој патен правец. Им се овозможува на граѓаните и приватните инвеститори кои веќе имаат купено парцели да започнат со изградбата на своите објекти. Полека но сигурно планината Голак ќе го добие својот добро препознатлив лик на туристичко и излетничко место.

IMG resize IMG 0001_resize

Share/Save/Bookmark