Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности

IMG 2552_resize 20150617 162015_resize

Во изминатиот период од месец дена во полн тек се градежните активности кои се предвидени во рамки на проектот “Мерки за заштита од поплави на реките Бреганица и Бистрица”.  Ќе се изврши регулација на речното корито на река Брегалница во централното градско подрачје на делот после гумената преграда. Станува збор за регулација во должина од 70 метри од двете страни на речното корито. Во предходниот период се поставени габиони за нивелирање на макси коритото, а во тек се земјени работи предвидени по проектната документација.

Во рамки на овој проект предвидена е регулација на р.Бистрица во општина Благоевград, Р.Бугарија, партнерска општина во проектот.

Проектот е финансиран од Европска Унија преку ИПА Програмата за прекугранична соработка Бр. CCI 2007CB16IPO007 меѓу Р. Македонија и Р. Бугарија. Буџетот за проектот изнесува 500.000 евра, од кои 239.813 евра се за проектите активности во Делчево.

IMG 2897_resize IMG 2905_resize

IMG 2873_resize IMG 2877_resize

Во рамки на овој проект беше организирана и дводневна обука на тема “Управување/Менаџмент со поплави”. Целта на обуката беше градење на капацитетите на граѓаните и единиците за заштита и управување со кризи од двете општини. На обуката учество зедоа претставници од релевантни институции и организации од  Делчево и Благоевргад. За време на обуката, експерти од  областта за управување со поплави  презентираа нови примери во управувањето со поплави, пренесоа знаења од  релевантната област, а од самата обука се очекува да бидат воспоставени партнерства и мрежи, а како резултат од партиципативните барања е изработен акциски план за управување со поплави.

IMG 2889_resize

Share/Save/Bookmark