Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности

канализација

Како што беше најавено уште во изборната програма за работа на градоналачникот Дарко Шехтански, летово се очекува да започнат градежните активности на изградба на канализација во селата Град и Вирче.

Тендерската постапка за изградба на канализација во с. Град е завршена и веќе е позната фирмата изведувач на градежните работи, тоа е фирмата Изгрев од град Велес, додека во тек е и тендерската постапка за избор на најповолен понудувач за изградба на канилзацијата во село Вирче.

Финансиските средства се обезбедени од Европската инвестициска банка во форма на грант доделен од Владата на Р. Македонија за Општина Делчево преку распишан тендер од страна на Министерството за транспорт и врски на РМ.

Со овие два значајни капитални проекти ќе се решат значаен дел од децениските проблеми на жителите на овие две села поврзани со канализацијата и одведувањето на отпадните води од домаќинствата.

Share/Save/Bookmark