Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности

На ден 27.07.2015 година (понеделник) во  салата на Спомен Домот „АСНОМ“ со почеток во 12.00 часот ќе се одржи  Дваесет и деветтата седница на Советот на Општина Делчево 

За седницата е предложен следниот

 Дневен ред

 

-         Усвојување за Записникот од 27.седница
-         Усвојување за Записникот од 28.седница 

1. Предлог-Одлука за одобрување на паричен надоместок на лицето Кирчо Стоилов од Делчево;
2. Предлог-Одлука за одобрување на парична помош на МЗ с. Вирче;
Образлагач: Претседател на Советот, Драган Христов.

3. Предлог-Одлука за доделување на стипендии на ученици прогласени за првенци на генерацијата во општинските училишта;
Образлагач: Сузана Петровска – Раководител на Одделение за правни и општи работи и јавни дејности

4.Предлог-Решение за именување на член на  Одборот за контрола на материјално-финансиското работење на ЈПКД “Брегалница”-Делчево;
5.Предлог-Решение за именување на член на Управниот одбор на ЈПКД „Брегалница“-Делчево;
Образлагач: Дарко Тодоровски-Претседател на Комисијата за мандатни прашања, избори и именувања.

6. Предлог-Одлука за давање согласност на Статутот на ОЈУДГ „Весели Цветови“-Делчево;
7.Предлог-Одлука за давање согласност на Правилникот за внатрешна организација на работните места во ОЈУДГ „Весели Цветови“-Делчево;
8. Предлог-Одлука за давање согласност на Правилникот за организација на работните места во ОЈУДГ „Весели Цветови“-Делчево;
Образлагач: Тони Ивановски-Директор на ОЈУДГ „Весели Цветови“-Делчево.

9. Предлог-Одлука за давање согласност на ООУ „Ванчо Прке“-Делчево за формирање на паралелки со помал број на ученици;
Образлагач: Сашко Ивановски-Директор на ООУ „ „Ванчо Прке“-Делчево.

10. Предлог-Одлука за опремување на сала за склучување на бракови во општина Делчево;
Образлагач: Драган Христов претседател на Советот на Општина Делчево;

11. Предлог- Решение за разрешување на членови на Управниот одбор на ЈЛБ „Илинден„ Делчево;
Образлагач: Дарко Тодоровски-Претседател на Комисијата за мандатни прашања, избори и именувања.

12. Предлог- Решение за именување на претседател и членови на Управниот одбор на ЈЛБ „Илинден„ Делчево;
Образлагач: Дарко Тодоровски-Претседател на Комисијата за мандатни прашања, избори и именувања;

13. Предлог – Одлука за вклопување на бесправно изграден објект со намена помошен објект- настрешница во функција на објект со намена Г2 во урбанистичко планска документација на ДОО Пекара Малешком Берово;
Образлагач: Горан Петровски раководител на Одделение за урбанизам;

14. Предлог – Одлука за вклопување на бесправно изграден објект со намена Г2 - магацин во урбанистичко планска документација на ДОО Пекара Малешком Берово;
Образлагач: Горан Петровски раководител на Одделение за урбанизам;

15. Предлог – Одлука за вклопување на бесправно изграден објект со намена Г2 - пекара во урбанистичко планска документација на ДОО Пекара Малешком Берово;
Образлагач: Горан Петровски раководител на Одделение за урбанизам;

16.  Предлог – Одлука за вклопување на бесправно изграден објект со намена А4 – викенд куќа на лицето Бисерка Џепароска, Драги Петровски и Благоја Петровски;
Образлагач: Горан Петровски раководител на Одделение за урбанизам;

17. Прашања и предлози

II

 Присуството на членовите на Советот на Општина Делчево е задолжително, а секое отсуство потребно е да се пријави кај Претседателот на Советот на Општина Делчево.

СОВЕТ НА ОПШТИНА ДЕЛЧЕВО
Претседател,
Драган Христов 

Share/Save/Bookmark