Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности

maturanti14-15

Најдобрите 10 гимназијалци-матуранти за учебната 2014/2015 година успешно го реализираа своето наградно патување. Ова наградно патување чија маршрута и програма (агенда за целото патување) учениците сами ја избраа е награда доделена од Градоначалникот на Општина Делчево, г-дин Дарко Шехтански. Наградата се доделува по петти пат и е со цел за промоција и поддршка на образованието и поттикнување на повисоки резултати во средното општинско училиште „М.М. Брицо“ – Делчево.

maturanti22

Наградното патување е финансирано со средства од Буџетот на Општина Делчево, по објавената јавна набавка како најповолен понудувач за аранжманот на патувањето беше избрана туристичката агенција – Вардар Експрес од Скопје.

Овој проект и во иднина ќе се реализира како дел од целокупниот пакет на програмски мерки и проекти на Градоначалникот Шехтански, кои се однесуваат за унапредување на образовниот процес во Општина Делчево.

 maturanti21

Share/Save/Bookmark