Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности

Јавното претпријатие за државни патишта ја известува засегнатата јавност дека планира да реализира Проект за “Рехабилитација на дел од државен пат Р-2343 (стара ознака Р-502) , делница Делчево-Голак  ”,  во должина од околу 10, 5 км.

Финансирањето на овој проект се планира да се да се обезбеди со средства од меѓународни финансиски институции (Светска Банка), според чии барања во делот на заштита на животната средина и социјалните аспекти, во фазата на подготовка на Извештај за процена на животна средина и социјални аспекти и План за управување со животната средина потребно е да се организира  јавна консултација со засегнатите страни и локалното население на населените места долж делницата. 

Извештај за процена на животна средина и социјални аспекти и План за управување со животната средина е достапен на увид во просториите на ЈП за државни патишта и во општината Делчево, како и на нивните интернет страници:  www.delcevo.gov.mk   и www.roads.org.mk . 

Јавната консултација за Извештај за процена на животна средина и социјални аспекти и План за управување со животната средина за наведениот проект, во делот на заштита на животната средина и социјалните аспекти ќе се одржи во:

Општинa Делчево на 30.07.2015 година (четврток) со почеток во 12:00 часот во просториите на фоајето на спомен дом АСНОМ во Делчево.

 

Извештај за проценка на влијанијата врз животната средина и социјалните аспекти (ИПВЖСОА) и План за управување со животната средина (ПУЖС) за рехабилитацијата на  дел од државен пат Р-2343 (стара ознака Р-502) ,делница Делчево-Голак 

 

 Лица за контакт:

 Јавно претпријатие за државни патишта
Сашка Богданова Ајцева
Тел: 02/3118 044 лок.135
E-mail: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите "> Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите  

Општина Делчево
Тања Стојковска
Моб: 075367943
Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

Share/Save/Bookmark