Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности

drama

Во рамки на Топлиот културен бран за 2015 година кој се реализира во летниот период и е под поковителство на Министерството за култура во соработка со општините во Р.Македонија, Среда (29.07.2015 година) со почеток во 20:00 часот во салата на Спомен дом „АСНОМ“ ќе се одржи татарската претстава  ПАРЧЕ ДУША.  

Продуцент на претставата е Љупчо Тодоровски – УПА, тој со актерство се бави од својата 13-та година. Основач на аматерскиот тетар „Чекори “ со чии претстави и улоги ги освоил сите можни награди во некогашна Југославија. Завршува ФДУ во класата на Љубиша Георгиевски.

Учествувал на В. Чернодрински, МЕС, Стеријно...

АКТЕР е во десетици и десетици улоги во независни театарски проекти и во повеќе големи театарски куќи низ цела бивша Југславија - МНТ, Драмски Таеатар Скопје, Белградско Драмско, Душко Радовиќ,  во „Магаза“ на легендарниот Љуба Тадиќ, во КПГТ на Љубиша Ристиќ, на Дубровничките Летни Игри... дела на писатели како Шекспир, Чехов, Горки, Е. Бонд, Хајнер Милер,Јонеско, Кундера, Нил Сајмон, Онил...

РЕЖИСЕР
Ревизор, Ќелавата Пејачка, Покојник,  Дундо Мароје, Оркестар (Ану), Годишнина на брак, Парче душа, Ни ваму, ни таму, Нашето градче, Долг божиќен ручек...

ПРОДУЦЕНТ

2011 - НИ ВАМУ, НИ ТАМУ - НУ ЦК „Г. Прличев“ Охрид/МНТ Скопје

2010 - ПАРЧЕ ДУША, македонска поезија

2009 - ГОДИШНИНА НА БРАК

2007 - ЌЕЛАВАТА ПЕЈАЧКА

Share/Save/Bookmark