Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности

IMG 4576_resize IMG 4577_resize

Денес со почеток во 10.00 часот во фоајето на Спомен дом – АСНОМ се одржа работен состанок на оперативната група за заштита од пожари и шумски пожари  на територијата на општина Делчево.

Оперативната група како точка на дневен ред го разгледа  - укажувањето на Дирекцијата за заштита и спасување за подигање  на степенот на подготвеност  на материјално-техничките и човечките ресурси за справување со евентуална појава на шумски пожари и пожари на отворено.

Согласно Нацрт – записникот од Осумдесет и деветтата седница  на Владата на Р.Македонија, одржана на 21.07.2015 година се задолжуваат Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Единиците на локалната самоуправа, ЈП„Македонски шуми“, Министерството за внатрешни работи, Гранична полиција, Шумска полиција, Дирекцијата за заштита и спасување, ЦУК и др да превземат мерки и активности согласно овластувањата.

Се задолжуваат Министерството за внатрешни работи, Граничната полиција и Шумска полиција да вршат 24 часовно партолирање и легитимирање во шумските предели во периодот од 22.07.2015 година до 5.08.2015 година, од 7 до 17 часот.

Се задолжува Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, за периодот  од 22.07.2015 година до 5.08.2015 година да воведе ограничување  на движењето на сите лица во шумите во шумскиот појас, во термин од 7 до 17 часот попладне (освен ако лицето нема добиено соодветна дозвола од ЈП„Македонски Шуми“ или Шумска полиција.)

Ова ограничување не важи за вработените во ЈП „Македонски шуми“, а во периодот од 17 часот попладне до 7 часот наутро дозволено е движење на сите лица во шумите  и шумскиот појас.

Се укажува на единиците на локалната самоуправа при евентуалните пожари на нивна територија  да ја стават на располагање целата расположлива персонална и материјална поддршка на ЈП „Македонски шуми“ и на др. институци.

Се известуваат жителите да ги почитуваат законските ограничувања за движење во шума и забраните за палење на стрништата на нивите, сите оние коишто не ги почитуваат забраните и бидат затекнати на лице место ќе бидат санкционирани согласно глобите пропишани од позитивните законски норми.

IMG 4578_resize

Share/Save/Bookmark