Postapki i_proceduri Gradezni dozvoli 

Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности

IMG 4646_resize IMG 4647_resize

Денес со почеток во 12:00 часот во фоајето на Спомен дом АСНОМ во Делчево се одржа Јавна консултација за Извештај за оцена на влијанија врз животната средина и општествените аспекти и План за управување со животната средина и општествените аспекти за рехабилитација на дел од државен пат Р2343(стара ознака Р-502), делница: Делчево – Голак. 

  • Јавното Претпријатие за Државни Патишта (ЈПДП) со финансиска поддршка од Светска Банка има за цел спроведување на Програмата за рехабилитација на државните и регионални патишта во Македонија (2015 година). Еден од под-проектите (Категорија Б) е рехабилитација на дел од државниот пат Р2343 (Р-502), делница: Делчево – Голак.
  •  Согласно барањата на Светска Банка (World Bank) се изработи Извештај за оцена на влијанијата врз животната средина и социјалните аспекти (ESAR) и План за управување со животната средина и социјални аспекти (EMP) за рехабилитација на државниот пат Р2343 (Р-502), делница: Делчево – Голак. 
  • Согласно Законот за животна средина (“Сл.Весник на РМ“ бр.53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 123/12, 93/13, 187/13, 42/14 и 44/15) се изработи и Елаборат за заштита на животна средина за рехабилитација на државниот пат Р2343 (Р-502), делница: Делчево – Голак.
  • Вкупна должина на делницата Делчево – Голак предвидена за рехабилитација изнесува 10,5км.

Почетокот на делницата поминува низ градско подрачје каде што има веќе рехабилитиран дел со должина од L = 1,60 km и ширина на коловозот 5.90m, кој завршува кај воениот објект. Одејќи накај планината Голак коловозот скоро на целата делницата е со интезивни мрежни пукнатини, подолжни и попречни пукнатини и ударни дупки.

•Основната програма и дизајнерските услови се во согласност со патниот ранг, условите на теренот и интензитетот на сообраќај:
•- Брзина                                                                  V = 40 (30) km / h
•- Ранг на патот                                                     регионалнен
•- Ширина на коловозот                                               4,50 m
•- Банкини                                                                  2х0,20 m = 1,00 m
•- Ригола                                                                        0,50 m
•- Берма                                                                         0,50 m
•- Напречен наклон во правец                                      2,50%
•- Максимален напречен наклон во кривина              5% (7%)
•- Максимален подолжен наклон                              10% (12%)
•- Плански период од 20 години
•- Сообраќајно оптеретување до 1000 возила / 24 h
•Сето останато во поглед на проектните елементи е изработено во согласност со важечките прописи и стандарди за проектирање на патишта.

IMG 4648_resize IMG 4649_resize

Влијанија врз воздух - Употреба на стандардизирани горива за механизацијата и исклучување на моторите на механизацијата кога не се во употреба, користење на распрскувачи кои не содржат хемикалии, а се на база на вода - за редуцирање на прашина, определување на времетрањето на работа на машините. 

Емисии во води - Количината на отпадна вода која ќе се продуцира, се предвидува да биде минимална, така што истата нема да предизвика контаминација на животната средина која бара дополнителна анализа. 

Создавање на отпад – Ќе се склучи Договор за собирање и транспортирање на отпад Јавното комунално претпријатие на територијата на општина Делчево. •Влијанија врз почвата - Загадување на почвата и индиректно на подземните води може да се случи при излевање на гориво, масла/лубриканти од механизацијата и возилата, за таа цел ќе се прави контрола на исправноста на градежната механизација и транспортните возила и прекин на работните активности при неконтролирано излевање на гориво, масло, лубриканти и хемикалии. 

Влијанија од бучава и вибрации - Сите транспортни возила треба да бидат технички исправни, што е предуслов за намалена бучава. Како основна мерка се препорачува исклучување на моторите на возилата и градежната механизација во моменти кога нема потреба од нивно работење. Се препорачува градежните активности да се одвиваат само во тек на ден и со определена временска динамика. 

Влијанија врз биодиверзитет – Со реализацијата на предвидените проектни активности на оваа делница, влијанијата врз флората и фауната нема да бидат значајни затоа што ова е само процес на рехабилитација на делницата.
Share/Save/Bookmark

Коментирај

Коментари кои не се поврзани со текстот што е објавен, нема да се објавуваат.
Коментари кои содржат навредлива содржина по било која основа нема да се објавуваат.
Коментари кои содржат несоодветни зборови нема да се објавуваат.
Коментари кои се упатени на други коментари а се со содржина која не е поврзана со содржината на текстот на статијата нема да се објавуваат.


Последни актуелни информации

Објавено на 22 Мај 2018, 07.00 од Д.Чапевски
-27- Автобусот на Европската кампања за гарантирани шеми за минимален приход, #EMINbus овој викенд ќе пристигне во Делчево.Настанот што ќе се случи на 27 мај со почеток во 13 часот во Спомен-домот АСНОМ е...
Објавено на 21 Мај 2018, 10.55 од Д.Чапевски
----24-----------24--------- Општина Делчево со посебен пиетет го одбележува Денот посветен на сесловенските просветители, светителите Кирил и Методиј, 24 Мај, кои се слават како заштитници на градот Делчево. По тој повод,...
Објавено на 21 Мај 2018, 08.29 од Д.Чапевски
-142-  Со богата културно-уметничка програма, ликовна изложба и планинарски марш, Општина Делчево и Разловци одбележаа 142 години од Разловечкото востание. Во рамките на одбележувањето, градоначалникот...
Објавено на 18 Мај 2018, 19.09 од Д.Чапевски
2018-05-18-18-20-48 Генерацијата матуранти 2017/2018 од делчевската гимназија СОУ„М.М.Брицо“ вечерва ја прославија својата матура. Традиционално пред почетокот на матурската забава која и оваа година се одржа во...
Објавено на 18 Мај 2018, 11.54 од Д.Чапевски
2018-05-18-11-00-31 Построени и достоинствени, денеска пожарникарите поднесоа рапорт на градоначалникот Трајковски во рамките на церемонијалниот дел од одбележувањето на Денот на пожарникарите, 20 Мај во ТППЕ...
Објавено на 17 Мај 2018, 07.27 од Д.Чапевски
2018-05-17-06-36-30 Градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковски на најдобрите 10 матуранти од СОУ „М.М.Брицо“ ќе им додели награда во вид на наградно патување низ Европа. Согласно со критериумите од Правилникот со...
Објавено на 16 Мај 2018, 13.49 од Д.Чапевски
2018-05-16-12-56-07 Општина Делчево започна со обележување на пешачките премини на улиците низ градот Делчево. Самото обележување на хоризонталната сигнализација спаѓа во делот на редовно одржување на улиците, каде се...
Објавено на 15 Мај 2018, 12.07 од Д.Чапевски
2018-05-15-11-10-22 Почнаа градежните работи на улицата „Маршал Тито“ во центарот на градот. Реконструкцијата ќе ја опфати улицата во должина од 340 метри и тоа од хотел „Македонија“ до над ресторанот „Трла“, односно...
Објавено на 14 Мај 2018, 09.14 од Д.Чапевски
2018-05-14-08-20-43   По налог на Општина Делчево и градоначалникот Горан Трајковски, екипи на ЈПКД „Брегалница“  ја исчистија депонијата за градежен шут Ралова Чука која се наоѓа непосредно до влезот на градот...
Објавено на 14 Мај 2018, 08.54 од Д.Чапевски
-142- Општина Делчево со посебна чест и задоволство Ве поканува на одбележување на годишнината од значајниот датум од Предилинденскиот период, 142 години од Разловечкото востание.По тој повод, на 20 мај во...
Објавено на 11 Мај 2018, 10.53 од Д.Чапевски
2018-05-11-09-55-53 Изведувачот на работите „Реконструкција на дел од улица Маршал Тито“ во Делчево, „ЕСКАВАТОРИ – МК“ СКОПЈЕ, на ден 14.05.2018 ќе започне со изведување градежни работи на дел од улицата „Маршал Тито“ во...
Објавено на 10 Мај 2018, 15.23 од Д.Чапевски
2018-05-14-06-26-43 Минатата година на територијата на општина Делчево се случиле 37 пожари од кои 9 шумски, 16 на отворен простор, при што изгорела 157.1 ха шума, 78.3  ха сува трева и пасишта и 14.904 м3 дрвна маса....
Објавено на 10 Мај 2018, 14.02 од Д.Чапевски
2018-05-10-13-04-16 Во ООУ „Св.Кирил и Методиј“ Македонска Каменица денеска се одржуваат регионални натпревари за „Детски семафор 2018“ и „Сообраќајно-техничка култура на младите 2018“ каде учество ќе земат екипи од...
Објавено на 09 Мај 2018, 12.04 од Д.Чапевски
2018-05-09-11-13-52 Делчево денеска одбележа 73 години од победата над фашизмот и 68 години од Денот на Европа. По тој повод, пред споменикот на паднатите борци во центарот на градот, членовите на КУД „Гоце Делчев“ одржаа...
Објавено на 09 Мај 2018, 11.41 од Д.Чапевски
2018-05-09-10-42-47 Советниците го избраа новиот состав на Советот на млади на Општина Делчево. Ова младинско советодавно тело кое се формира со цел активно вклучување на младите во јавниот живот на Општината.  За...
Објавено на 08 Мај 2018, 13.20 од В.Мицевски
-7- Најдобар полициски служебник во општина Делчево е Лилјана Даневска- Богдановска. Таа ја доби традиционалната награда од Општина Делчево која се доделува по повод 7 Мај, Денот на македонската полиција....
Објавено на 08 Мај 2018, 12.34 од Д.Чапевски
2018-05-08-11-38-30 На Деветтата редовна седница, делчевските советници едногласно ги донесоа одлуките за  утврдување приоритетни проекти со кои Општина Делчево и трите образовни институции во градот, аплицираат по...
Објавено на 05 Мај 2018, 07.53 од Д.Чапевски
2018-05-05-07-01-10  Вработените во Општина Делчево  денеска се вклучија во акцијата за чистење на дивите депонии и јавните површини која е на иницијатива на ЗЕЛС. Акцијата се спроведува во сите општини во...
Објавено на 04 Мај 2018, 10.36 од Д.Чапевски
-115-   Делчево денеска одбележува 115 години од смртта на Гоце Делчев, патронот на градот кој  на денешен ден во 1903 беше убиен од турската војска во селото Баница, на пат кон Сер. По тој повод,...

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес471
mod_vvisit_counterВчера1148
mod_vvisit_counterОваа недела3052
mod_vvisit_counterПретходна недела7733
mod_vvisit_counterОвој месец26214
mod_vvisit_counterПретходен месец43618
mod_vvisit_counterВкупно1962220

Присутни online: 22
Ваша IP: 54.81.232.54
,
Денес: Мај 23, 2018