Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности

IMG 6281_resize IMG 6290_resize

Вчера, 23.09.2015г. во просториите на пицерија Панорама се одржа јавна дискусија за подигање на свеста кај граѓаните на тема Менаџирање со поплави  во рамките на проектот “Мерки за заштита од поплави на реките Бреганица и Бистрица”, финансиран од Европска Унија преку ИПА Програмата за прекугранична соработка Бр. CCI 2007CB16IPO007, партнерски проект на Општина Делчево, Република Македонија и Општина Благоевград, Република Бугарија.

На  настанот за подигање на јавната свест присуствуваа околу 60 претставници од Општина Делчево и Општина Благоевград. Јавната расправа беше наменета за претставници од релевантни институции, како и за претставници на локалните, регионалните и националните медиуми (телевизија, весници), за претставници од организации и двете општини, кои се одговорни за развој на буџетот на водоводни претпријатија, развој на  планови за работа и поддршка на развојот на политики.

IMG 6292_resize IMG 6295_resize

Јавната дискусија ја водеше експерт за климатски промени г-дин Игор Славловски од Милиеуконтакт Македонија. На јавната дискусија се презентираа заклучоците од работилницата за Менаџирање со поплави, исто така се презентираше и изработениот комуникациски план, се разговараше и се презентираа проблемите на управување со поплави, се дискутираше за итни случаи и мерки за заштита од поплави.  По завршувањето на настанот, во двете општини изработениот комуникациски план, ќе биде дистрибуиран во локалните училишта,  одговорни институции, урбаните и руралните цредини со цел  зголемување на јавната свест.

Share/Save/Bookmark