Postapki i_proceduri Gradezni dozvoli 

Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности

20151007 120628_resize 20151007 120715_resize

Во среда, 07.10.2015 година со почеток во 12:00 часот од страна на вработени во Јавното претпријатие за државни патишта на Р.Македонија и ГЕИНГ Кребс унд Кифер Интернешнл компанија посветена на изработка на комплетни инженеринг решенија во фоајето на Спомен дом АСНОМ одржаа јавна презентација за Извештај за оцена на животната средина и социјалните аспекти и План за управување со животната средина и социјални аспекти за рехабилитација на државен пат A3, Делница:Превалец (Кочани) – Делчево.

На презентацијата присуствуваа триесетина жители од нашиот град и истите зедоа директно учество во расправата со поставување на прашања поврзани со реализацијата на овој проект. Јавното претпријатие за државни патишта има намера да го рахабилитира државниот пат А3,делница Превалец (Кочани) – Делчево.Проектот треба да се спроведе од страна на Јавното претпријатие за државни патишта

(ЈПДП). Главна активност на проектот е рехабилитацијата на државниот пар А3, делница: Превалец (Кочани) – Делчево. Делницата е со должинба од 30,04 km. Оваа делница е дел од државниот пат А3, со почеток од граничен премин Љубаништа – Св. Наум, преку кључка Требениште (врска со А2), кључка Подмиње – Охрид – Косел – Велес – Штип – Делчево – граничен премин Рамна Нива (кон Р.Бугарија). Постоечката сообраќајна делница во моментот не ги задоволува барањата за брза и безбедена конекција на локалното население, како и на другите учесници во сообраќајот кои ја користат оваа делница за транспорт на луѓе и стока во и надвор од земјата. . Оштетувања од голем обем се забележани на овој дел од патот, вклучувајќи остри мрежести пукнатини, надолжни и попречни пукнатини како и многу дупки.

Според политиката на Светска Банка за оцена на животната средина (ОП 4.01), Принудно раселување (ОП 4.12), и други еколошки и социјални политики, ваквите проекти треба да се анализираат за да се утврдат потенцијалните негативни и позитивни еколошки и социјални влијанија, да се избегне, надомести и/или да се ублажат неповолните негативни влијанија врз животната средина.

Според очекуваните Проектни активности, главни влијанија врз животната средина се очекуваат да се јават во конструктивната и во оперативната фаза. Овие влијанија ќе бидат манифестирани преку влијанија врз воздухот во двете фази, влијанија од бучава (зголемено количество на бучава) во двете фази, генерирање на градежен отпад и влијанија врз води во конструктивната фаза и влијанија врз биодиверзитетот во двете фази. Влијанијата врз социалните аспекти ќе бидат позитивни, бидејќе со рахабилитацијата на предметната делница, ќе се подобрат карактеристиките на патот, со што ќе се подобат и сообраќајните услови. Но во текот на користењето на оваа делница ќе се јават негативни влијанија врз населените места кои се лоцирани во близина на патот. Овие влијанија ќе бидат манифестирани преку зголемување на нивото на бучава и зголемување на количеството на прашина во воздухот.

 Потенцијалните влијанија на проектот врз животната средина и социјалната средина се оценуваат во овој извештај за еколошки и социјални оцени на влијанијата (ESAR), која е развиена зада се задоволат барањата на македонските прописи и Светската банка за животна средина и социјална заштита.

По должина на државниот пат А3, делница Превалец (Кочани) – Делчево, не некои делови веќе е извршена е рехабилитација. Оваа делница е со вкупна должина од 44.039 km, но предвидените активности за рехабилитација ќе бидат изведувани на 30.041 km. Рехабилитацијата на патот ќе се врши на подделницата Превалец (Кочани) до браната Калиманци, до стационажа km 253 + 981 до стационажа km268 + 405 и на подделницата од градот Македонска Каменица, стационажа km 274 + 283 до пред градот Делчево, стацонажа km 289 + 900, од каде патот е веќе рехабилитиран. Со други зборови би значело дека патниот правец Превалец – Делчево ќе биде поделен на два подделници, првата од Превалец (Кочани) до браната Калиманци, со должина од 14,424 km и втората подделница од Македонска Каменица до почетокот на рехабилитираниот дел, пред градот Делчево со должина од 15,617 km.

20151007 120726_resize 20151007 120746_resize

Share/Save/Bookmark

Коментирај

Коментари кои не се поврзани со текстот што е објавен, нема да се објавуваат.
Коментари кои содржат навредлива содржина по било која основа нема да се објавуваат.
Коментари кои содржат несоодветни зборови нема да се објавуваат.
Коментари кои се упатени на други коментари а се со содржина која не е поврзана со содржината на текстот на статијата нема да се објавуваат.


Последни актуелни информации

Објавено на 15 Септември 2017, 13.10 од Д.Чапевски
-2017 Општина Делчево ги известува сите заинтересирани лица кои сакаат да ги користат услугите од програмата „Општинско- корисна работа 2017“, проект „Подобри услуги за подобри луѓе“, да се пријават во...
Објавено на 14 Септември 2017, 14.33 од Д.Чапевски
-20172018  Врз основа на Договорот за соработка помеѓу Агенцијата за вработување на РМ (АВРМ), Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и Општина Делчево, Оперативниот план за активни програми и...
Објавено на 12 Септември 2017, 08.06 од Д.Чапевски
2017-09-13-07-13-02  Започната е изградба на крак за атмосферска канализација по дел од улица "Македонска" во населбата Милково брдо. Оваа нова линија ќе придонесе кон надминување на неповолната постоечка...
Објавено на 04 Септември 2017, 07.56 од Д.Чапевски
-q-2017q Општина Делчево има чест и задоволство да Ве покани на манифестацијата Пијанечки денови на сливата 2017 која ќе се одржи од 07.09.2017,плато пред спомен дом АСНОМ во Делчево. Програма 17:00 часот...
Објавено на 17 Август 2017, 10.51 од Д.Чапевски
2017-08-17-09-56-34 Врз основа на член 35 став 3 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл.Весник на РМ бр. 199/2014, 44/2015,193/15, 31/16,163/16),член 50 точка 4 од Законот за локална самоуправа ("Сл.весник на...
Објавено на 10 Август 2017, 08.20 од Д.Чапевски
2017-09-13-07-23-56 Започнаа главните градежно-оперативни работи за реконструкција на улица "Питу Гули" во населбата Милково брдо во Делчево. Оваа улица е една од најзначајните сообраќајници во оваа населба, по која...
Објавено на 09 Август 2017, 08.35 од Д.Чапевски
------q---2017q Граѓаните на Општина Делчево можат да бидат горди на својата преубава традиција. Врвот на планината Голак повторно беше гнездо за починка и рекреација на голем број на добронамерници кои со сета своја...
Објавено на 08 Август 2017, 08.27 од Д.Чапевски
-q-2017q Синоќа се реализираше прекрасна прва вечер на меѓународниот фолклорен фестивал "Голачки фолклорни средби 2017" кој се одржува по 23-ти пат во нашата општина.Главната завршна манифестација ќе се...
Објавено на 27 Јули 2017, 13.53 од Д.Чапевски
----50------ Ве известуваме дека 50 седница на Советот на Општина Делчево која првично беше закажана за 12.05.2017 година, ќе се одржи на 28.07.2017 година (петок) во фоајето на Спомен домот АСНОМ, со почеток во...
Објавено на 21 Јули 2017, 10.39 од Д.Чапевски
10- Матурантите кои на 19.07.2017 година заминаа на заслуженото наградно патување кое го добија како награда од Општина Делчево за постигнатите успеси во рамки на нивното четиригодишно образование во...
Објавено на 20 Јули 2017, 14.53 од Д.Чапевски
2017-07-21-07-02-08 На барање на жителите од УЗ Милково Брдо, поточно жители на ул. Пере Тошев се пристапи кон партерно уредување на јавна површина во овој дел од градот. Уредена е јавна површина со изградба на три пешачки...
Објавено на 19 Јули 2017, 06.37 од Д.Чапевски
2017-07-18-13-51-04 Во раните утрински часови, денес 19.07.2017 година десетте најдобри ученици од IV година за учебната 2016/2017 заминаа на заслуженото наградно  патување низ неколку европски дестинации. Наградното...
Објавено на 17 Јули 2017, 14.24 од Д.Чапевски
-19072017 Општина Делчево ги известува граѓаните дека ноќта на 18 јули спрема 19 јули 2017 година, со почеток во 24:00 часот , стручни екипи од ЈЗУ,,Центар за јавно здравје,, Скопје ќе извршат теристичка(од...
Објавено на 14 Јули 2017, 08.44 од Д.Чапевски
2017-07-14-07-51-51 Врз основа на членовите 18,19 и 20 од Законот за превоз во патниот сообраќај (Службен весник на Република Македонија број 68/2004, 127/06, 114/09, 83/10, 140/10, 17/11, 53/11, 06/12, 23/13, 120/13,...
Објавено на 12 Јули 2017, 14.55 од Д.Чапевски
2017-07-12-14-03-41 рз основа на член 23 од Законот за јавните претпријатија(Службен Весник на Република Македонија бр.38/96......39/2016),член 19-а од Законот за именување и дополнување на Законот за јавните претпријатија...
Објавено на 08 Јули 2017, 18.55 од Д.Чапевски
2017-07-10-11-06-23  Денес (Сабота 08.07.2017 година) започнавме со асфалтирање на локален пат во село Драмче. Оваа завршна фаза за реконструкцијата на оваа значајна локална сообраќајница следува по започнатата...
Објавено на 07 Јули 2017, 11.20 од Д.Чапевски
2017-07-10-10-29-56 Како што најавивме пред неколку дена, еве денес (07.07.2017год.) се дојде и до финалната фаза од реконструкцијата на ул. Кеј на Брегалница. Во тек се градежни активности за поставување на нов...
Објавено на 05 Јули 2017, 08.32 од Д.Чапевски
-022017-23062017-            Врз основа на член 50 став 1 точка 16 од Законот за локалната самоуправа(Службен Весник на Република Македонија бр.5/2002),член 52  став 1 од Законот за...
Објавено на 04 Јули 2017, 14.39 од Д.Чапевски
2017-07-06-09-43-03 Поради изразито лошата состојба на ул. Кеј на Брегалница, на барање на жителите кои гравитираат во овој дел од градот се започна со реконструкција на оваа улица. Изминатите неколку денови се работеше на...
Објавено на 19 Јуни 2017, 13.16 од Д.Чапевски
-012017-07062017- Врз основа на член 50 став 1 точка 16 од Законот за локалната самоуправа(Службен Весник на Република Македонија бр.5/2002),член 52  став 1 од Законот за административните службеници (Службен Весник...

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес90
mod_vvisit_counterВчера1150
mod_vvisit_counterОваа недела3474
mod_vvisit_counterПретходна недела5448
mod_vvisit_counterОвој месец15839
mod_vvisit_counterПретходен месец25368
mod_vvisit_counterВкупно1668113

Присутни online: 23
Ваша IP: 54.224.230.51
,
Денес: Сеп 22, 2017

Интерактивни мапи

Плански региони во Р.М.