Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности

IMG 6559_resize IMG 6566_resize

После петнаесет години од последното асфалтирање, денес повторно градежни машини се натерен и во тек се градежни активности за асфалтирање на делница од 800 метри на потегот с.Турија – с.Трстија.

Овој локален пат е посочен од страна на жителите на с.Турија како многу значаен за нивното секојдневно гравитирање кон соседниот град Виница како и кон с.Бигла и Делчево. Овој проект се реализира благодарение на успешната соработка на градоначалникот Дарко Шехтански со месната заедница на с.Турија со цел утврдување на приоритетите на мештаните од ова село. Проектот се финансира во соработка со Министерството за транспорт и врски и Агенцијата за финансиска подршка во земјоделието и руралниот развој, а во тек се активности за обезбедување средства за асфалтирање на уште една делница во должина од 300 метри.

IMG 6573_resize

Share/Save/Bookmark