Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности

20151012 155321_resize

Вчера, 12.10.2015 се финишираше асфалтирањето на делницата од 800 метри на локалниот пат с.Турија-с.Трстија. По започнувањето на активностите за асфалтирање во петокот кога беа асфалтирани 400 метри значително се влошија временските услови и истото беше пролонгирано за два дена по што вчера беа завршени останатите 400 метри. Видно беше задоволството на мештаните од двете села кои што во разговорите со градоначалникот Шехтански потенцираа дека сега значително се олеснува патувањето до соседните општини Делчево и Виница како и до соседните села. Градоначалникот потенцираше дека во периодот што претстои ќе бидат асфалтирани уште 300 метри од овој локален патен правец.

20151012 155243_resize 20151012 155104_resize

Share/Save/Bookmark