Postapki i_proceduri Gradezni dozvoli 

Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности

Gradonachalnik1 resize

 

Втората форумска сесија од буџетскиот форум во рамки на програмата „Форуми во заедницата“ се одржа на 09.10.2015 година со почеток во 11.00 часот во ресторант „Панорама“. На оваа форумска сесија учество зедоа 86 граѓани.

Сесијата ја отвори модераторот Васка Драшковиќ кој им посака добредојде на градоначалникот на општина Делчево Дарко Шехтански, гостинката од Единицата за кординација на Форумите Ирена Спирковска и присутните и го покани градоначалникот на Дарко Шехтански да им се обрати на присутните, кој го поздрави овој форум и на присутните им посака топло добредојде, при што истакна дека општина Делчево е отворена општина, работи отчетно и транспарентно и како градоначалник е секогаш спремен да одговори на сите предлози и барања на граѓаните.

Потоа ко-модераторот Валерија Соколова ги поздрави присутните, го прочита предложениот дневниот ред и отвори дискусија по него. Бидејќи немаше предлози за дополнување на дневниот ред истиот беше едногласно усвоен од присутните. Васка Драшковиќ истакна дека на претходната сесија се фармирани шест работни маси, заклучно со работната маса култура која е формирана меѓу двете сесии.Потоа беше усвоен записникот од Првата сесија.

IMG 6536_resize IMG 6537_resize

Преставникот од работната група Здравко Мирчевски даде извештај  од одржаниот состанок на работната група помеѓу двете форумски сесии одржан на 06.10.2015 година при што ја презентира работата од состанокот и ги истакна следните препораки по кои  да се расправа: 

  • Санација и проширување на патниот правец Делчево - Кочани.
  • Ревитализација на патниот правец Делчево Кочани преку селото Бигла.
  • Да се опреми сала за состаноци и венчавки во просториите во Спомен домот АСНОМ.
  • Технолошко индустриска зона

Васка Драшковиќ се заблагодари за иавештајот и побара да се отвори дискусија по него.

 Сузана Стоиловска советник во општина Делчево даде предлог  за доопремување и уредување на салата за венчавки во Делчево и предлог за изградба на капела. Снежа Спасевка, пензионер од Делчево побара отчет до каде се работите зо регулација и чистењето на коритото на реката Габровчица.

Одговори градоначалникот Дарко Шехтански, при што ги истакна досегашните обемни зафати за чистењето на коритото на Габровчица и дека истата е внесена во акциониот план на општината.

Васка Драшковиќ потоа побара од присутните да стават повеќе акцент на дискусиите и предлозите околу можноста граѓаните со свои предлози да влијаат онаму каде што има поростор во креирањето на Буџетот на општината.

Анка Христова, раководител на финансии во општина Делчево, потоа даде преглед презентација  на планираните и релизираните приходи за тековната 2015 година.

Презентација на планираните приходи за 2016( колку приходи и по кој основ се очекуваат).

Презентација на планираните расходи за 2016 ( за развојни програми и капитални инвестиции 2016)
Васка Драшковиќ побара објаснување за текот на реализација на собирањето на планираните приходи. Анка Христова даде објаснување со нагласок дека традиционално најголем прилив се очекува во последните месеци од годината. Миладин Христов, пензионер, месна заедница први реон, збореше за проблемите со улицат во овј реон, при што нагласи дека имаат платено комуналии веќе долго време ,а немаат ни улица, ни канализација.
 Градоначалникот Дарко Шехтански истакна дека е во тек со овј проблем за кој претходните општински раководства ништо не сториле и вети дека општината во рамките на своите финансиски можности ќе се обиде да го реши овој проблем

IMG 6539_resize IMG 6541_resize

Бидејќи немаше други прашања модераторот Васка Драшковиќ побара од Анка Христова да започне со презентација за буџетот на општина Делчево. Анка Христова даде детална презентација за тековните работи околу изготвувањето на буџетот на општина Делчево. Потоа се помина на прашања од работните маси, формирани на претходната форумска сесија.

Дарко Гоцевски ЈПКД “Брегалница“ Делчево, работна маса Комунални дејности, даде предлог да се воведе зонско паркирање во Делчево, бидејќи тоа го имаат поголем број градови во Македонија, Делчево како пограничен град често посебно во пазарните денови има проблем со паркирањето на возилата. Со отворање на паркинг ќе се створи можност и за вработување на нови лица.
Перса Стојанова, работна маса култура побара да се обрне повеќе внимание за заштита на “Копачка“ како и да се обезбедат простории за истата. Наплатен паркинг пред спомен домот АСНОМ - кампања за наплата на даноците.

Крум Николовски, работна маса урбанизам, ефикасна наплата на даноците,евиденција на нови даночни обрзници.
Сузана Столовска, советничка, маса локални патишта. Да се намали бројот на вработени во локалната самоуправа. Да се направи напор да се плаќаат на време обрските од страна на фирмите и граѓаните. Да нема отипис на долгови на фирмите и граѓаните.Навремено да се доставуваат решенијата за наплата на данок на имот. Набавка на нови сообраќајни знаци;

Димитар Димитровски, работна маса Локален економски развој - туризам. 

  • Стратегија за развој на рурурален туризам;
  • Концесии за искористување на минерални блага;
  • Воведување на туристичка такса:
  • Итна регистрација на туристилки капацитети со кои располага општина Делчево: -Проект за реконструкција на одморалиште “Голак“

 

Тони Стоименовски, работна маса општинска администрација:

  • Урбанизација на нови површини;
  • Продажба на локации
  • Зголемување на интезитетот и аплицирање за средства пред европските фондови, подобро искористување на човечките ресурси и партнерстав;
  • Поголемо внимание на туризмот и инфрастуктурта

 

Магдалена Златковска, работна маса Образование:

  • Да се направи напор и во Делчево да се отворат дисперзирани студии.;
  • Да се зголемат проктите за меѓугранична соработка во областа на образованието;
  • Да се воведе такса за паркирање.

 

Потоа во своето обраќање градоначалникот Дарко Шехтански ги истакна приоритетите како и плановите за новите инвестициони зафати во општината, при што зборуваше и за реализираните и проектите кои се во тек

  • Асвалтирање и ревитализација на повеќе улици како во градот, така и во приградските населби и села;
  • Изградби и пробивање на нови улици;
  • Решавање на проблемите со канализација;
  • Изградба на капела;
  • Ревитализација на гумената брана на реката “Брегалница“;
  • Асвалтирање на патот с.Турија-с.Трстија;
  • Реконструкција на патотот Очипала-Драмче;
  • Асвалтирање на улици во населбата Ѕвегорска река;
  • Асвалтирање на улици во Стрелиште, Разловци и Габрово;

 Модераторот Васка Драшковиќ му се заблагодари на градоначалникот за исцрпната информација, побара дали уште некој има нешто да додаде, а потоа се изврши оценка на резултатите од втората форумска сесија.


 

Share/Save/Bookmark

Коментирај

Коментари кои не се поврзани со текстот што е објавен, нема да се објавуваат.
Коментари кои содржат навредлива содржина по било која основа нема да се објавуваат.
Коментари кои содржат несоодветни зборови нема да се објавуваат.
Коментари кои се упатени на други коментари а се со содржина која не е поврзана со содржината на текстот на статијата нема да се објавуваат.


Последни актуелни информации

Објавено на 24 Март 2017, 12.17 од Д.Чапевски
2017-03-24-11-19-09 Се известуваат жителите на општина Делчево дека следејќи ги состојбите предизвикани од пожарите на отворен простор, а имајќи го во предвид претстојниот пролетен и летен период, започнувањето на...
Објавено на 20 Март 2017, 12.12 од Д.Чапевски
2017-03-20-11-13-07  Во рамките на проектот „Соработка помеѓу полицијата и локалното население “ имплементиран од страна на ОБСЕ -  Мисијата во Скопје, преку Одделението за соработка со полицијата и локалното...
Објавено на 09 Март 2017, 13.18 од Д.Чапевски
2017-03-09-12-28-08 Финализираа градежните работи за изградба на тротоарска патека од десната страна на улицата "Мито Хаџивасилев Јасмин" на потегот од раскрсницата кај ветеринарната станица кон Урбаната заедница „Стар...
Објавено на 08 Март 2017, 13.58 од Д.Чапевски
2017-03-08-13-06-23 Претседателот на Владата на Република Македонија, Емил Димитриев, денеска  реализираше работна посета во Делчево. Во рамки на посетата Премиерот Димитриев  ги посети новоизградените простории...
Објавено на 08 Март 2017, 11.37 од Д.Чапевски
-2-22-2016-2021     На ден 07.03.2017г во просториите на Спомен дом ,АСНОМ,, ( сала на совет ) со почеток во 11:00 часот се одржа  Јавната презентација воедно и почеток на Јавна анкета за Предлог...
Објавено на 07 Март 2017, 09.31 од Д.Чапевски
-48- 48.седница на Советот на Општина Делчево ќе се одржи на 14.03.2017 (вторник) во ООУ „Ванчо Прке“ со почеток во 14.00 часот. За седницата е предложен следниот Дневен ред -Усвојување на Записникот од...
Објавено на 03 Март 2017, 08.26 од Д.Чапевски
2017-03-03-07-35-14  Денеска во Делчево се одржа  втората Работилница за креирање на локална стратегија за социјална инклузија на млади и жени која исто така е во рамки на проектот Македонска активна платформа за...
Објавено на 02 Март 2017, 09.24 од Д.Чапевски
2017-03-02-08-30-12 Врз основа на член 35 став 3 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл.Весник на РМ бр.199/14, 44/15),член 50 точка 4 од Законот за локална самоуправа ("Сл.весник на РМ" бр.5/02), член 107 од...
Објавено на 01 Март 2017, 13.15 од Д.Чапевски
2017-03-01-12-21-17 На официјална прес-конференција во банкет салата на хотел „Македонија“ градоначалниците на Делчево и Благоевград  го означија почетокот на реализацијата на проектот  “Енергетски ефикасно...
Објавено на 27 Февруари 2017, 13.03 од Д.Чапевски
2017-02-27-12-07-39 Покана за учество на прес конференција за отварање на проект “Енергетски ефикасно осветлување во регионот Благоевград-Делчево” Ref. № CB006.1.11.114. Почитувани граѓани, претставницина медиуми, колеги...
Објавено на 23 Февруари 2017, 18.48 од Д.Чапевски
2017-02-24-07-50-26 Со интонирањето на химната на Р.Македонија во спортската сала при СОУ „Методи Митевски – Брицо“ започна официјалниот дел од програмата за одржување на Државното првенство во ФУТСАЛ за средни ...
Објавено на 21 Февруари 2017, 09.14 од Д.Чапевски
2017-02-21-08-17-43 Со одлука на Извршниот одбор на ФЕДЕРАЦИЈАТА НА УЧИЛИШЕН СПОРТ НА МАКЕДОНИЈА донесена на 16.02.2017 година, за прв пат Државното првенство во ФУТСАЛ за средни  училишта во машка  конкуренција...
Објавено на 17 Февруари 2017, 12.05 од Д.Чапевски
-73- Со традиционалниот планинарски марш општина Делчево ќе ја одбележи 73 годишнината од реализацијата на февруарскиот поход во 1944 година.Овој значаен настан од македонската понова историја одиграл...
Објавено на 16 Февруари 2017, 14.48 од Д.Чапевски
2017-02-16-13-54-14 Денес со почеток во 11.00 часот во салата на ООУ „Ванчо Прке“ се одржа завршен настан на кој беа презентирани резултатите од Проектот на УСАИД за општински стратегии за климатски промени, спроведуван од...
Објавено на 15 Февруари 2017, 15.05 од Д.Чапевски
-47- 47.седница на Советот на Општина Делчево ќе се одржи на 22.02.2017 (среда) во ООУ „Ванчо Прке“ со почеток во 14.00 часот. За седницата е предложен следниот Дневен ред -Усвојување на...
Објавено на 13 Февруари 2017, 12.08 од Д.Чапевски
2017-02-13-11-12-43 Во рамки на проектот МАПСИ Македонска активна платформа за социјална инклузија, во петокот на 10.02.2017 година се одржа првата од трите предвидени работилници за социјална инклузија на млади и жени. На...
Објавено на 09 Февруари 2017, 15.40 од Д.Чапевски
2017-02-09-14-43-44 Градоначалникот Дарко Шехтански на средбата со учениците од гимназијата „Методи Митевски – Брицо“ која денес се одржа во неговиот кабинет  ја имаше можноста да ги додели стипендиите на најдобрите...
Објавено на 04 Февруари 2017, 11.01 од Д.Чапевски
-145------ Денес 04.02.2017 година се навршуваат 145 години од раѓањето на идеологот, организатор и водач на македонското револуционерно националноослободително движење кон крајот на XIX и почетокот на XX...
Објавено на 03 Февруари 2017, 09.01 од Д.Чапевски
-145-   Во сабота, 04.02.2017 година се навршуваат 145 години од раѓањето на големиот револуционер и идеолог на македонско револуционерно дело - Гоце Делчев. По тој поводделегации на Општина Делчево...
Објавено на 02 Февруари 2017, 09.22 од Д.Чапевски
2017-02-13-08-26-44  По завршувањето на рехабилитацијата на дел од улица "Мито Хаџивасилев Јасмин" на спој со улицата "Маршал Тито"  и изградбата на нов армирано-бетонски потпорен ѕид од страната на ендекот со...

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес419
mod_vvisit_counterВчера702
mod_vvisit_counterОваа недела419
mod_vvisit_counterПретходна недела5360
mod_vvisit_counterОвој месец22724
mod_vvisit_counterПретходен месец31155
mod_vvisit_counterВкупно1488397

Присутни online: 8
Ваша IP: 54.211.169.76
,
Денес: Мар 27, 2017

Интерактивни мапи

Плански региони во Р.М.