Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности

На 17.10.2015 година (сабота), Полициската станица од општа надлежност Делчево ќе го реализира проектот „Соседска патрола“. Во рамки на проектот ќе бидат вклучени заинтересирани граѓани кои заедно со полицијата ќе патролираат во урбана заедница „Втори реон“, со цел поголема сигурност и безбедност на граѓаните на населеното место и безбедносниот реон.

Сите граѓани кои се заинтересирани да земат учество во реализацијата на проектот, да дојдат во салата за состаноци во ПС од Он Делчево на ден 17.10.2015 година (сабота) каде што подетално ќе бидат информирани околу активностите кои ќе се превземат за отпочнуање и реализација на проектот.

Share/Save/Bookmark