Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности

IMG 6577_resize

Продолжува успешната соработка на градоначалникот Дарко Шехтански со жителите од урбаните и месните заедници. Овој пат на барање и во соработка со претставници од Урбаната заедница на населбата Стар Расадник извршена е санација и уредување на пристап до гаражи кои се лоцирани на раскрсницата на улиците Кузман Јосифовски Питу и Мито Х. Јасмин.

Извршено е поплочување со нови бехатон плочки на површина од 145 м2 , важно е да се напомене дека дел од уличниот бехатон (87,5м2) кој е вграден е обезбеден од жителите на оваа Урбана заедница, градежните активности ги реализираа екипи на ЈПКД Брегалница.

Во меѓувреме започнуваат градежните активности за изградба на улица Чифличка во населбата Стрелиште како и продолжување на изградба на дел од главната линија на канализацијата на оваа улица. Жителите на Урбаната заедница Стрелиште во изминатиов период како приоритетен проблем за решавање ја посочија изградбата на ул.Чифличка и ја претставија пред градоначалникот Дарко Шехтански.

IMG 6581_resize IMG 6584_resize

Share/Save/Bookmark