Ниво на корисникот: / 1
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности

bg

Проектот на УСАИД за Општински стратегии за климатски промени, спроведуван од Милиеуконтакт Македонија, започна кампања за подигнување на јавната свест за климатските промени. За таа цел се организират низа настани во неколку градови во Македонија. За Делчево е предвидено настанот да се реализира во сабота 24. Октомври, 12:00 – 14:00 часот, пред Домот на Културата (доколу врне настанот ќе биде внатре во Домот на Културата).

Цел на кампањата е да ја подигне свеста кај младите луѓе за глобалните климатски појави и нивните негативни ефекти врз локалната средина. Преку кампањата, младите ќе бидат информирани за начините на човековото однесување кои во голема мера придонесуваат до појава на климатските промени, како и за индивидуалните напори со кои сите ние можеме да ги намалиме нивните негативни ефекти на локално ниво.

Подетални информации на следниот линк: http://mk.milieukontakt.mk/?p=5427

Share/Save/Bookmark