Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности

20151023 100854_resize 20151023 100859_resize

На 23 октомври 1893 година во куќата на солунскиот книжар Иван Хаџи Николов во Солун се собраа шестмина млади мажи за да ги ставаат основите на тоа, кое што ќе стане симбол на борбите на Македонците за слобода. Д-р Христо Татарчев – лекар, родум од Ресен, Даме Груев – професор, родум од с. Смилево - Битолско, Петар Поп Aрсов – професор, родум од с. Богомила - Велешко, Иван Хаџи Николов – книжар во Солун, родум од Кукуш, Антон Димитров – учител, родум од с. Ајватово - Солунско и Христо Батанџиев – професор, родум од с.Гуменџе, Ениџе Вардарско, ја основаа Внатрешно Македонската Револуционерна Организација - ВМРО

20151023 100910_resize

20151023 100926_resize 20151023 101004_resize

20151023 101004_resize 20151023 101011_resize


Денес, 23.10.2015 година делегација на Општина Делчево предводена од градоначалникот Дарко Шехтански, претставници на Советот на Општина Делчево, политички партии и здруженија на граѓани положија буќети свежо цвеќе пред споменикот на великанот на македонската револуционерна организација Гоце Делчев во центарот на Делчево. Со тоа им беше оддадена чест на сите оние кои загинале за идеалите за слободна и независна Македонија, оние кои пред налетот на асимилаторите на Македонија цврсто застанале на браникот на својата татковина и го дале својот живот за она што ние денес го живееме – слободна и независна Р.Македонија.
Нека им е вечна слава!

Share/Save/Bookmark