Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности

101 0013_resize 101 0018_resize

По иницијатива на амбасадата на Р.Македонија во Букурешт беше организиран настан со општини од Р.Македонија и Романија. Цел на настанот беше  потпишување на Меморандум за соработка помеѓу општините од  двете земји и воспоставување на соработка.

Беа организирани билатерални средби на  кои се разговараше за можностите за соработка, степенот на развиеност на општините и делот каде може да се започне соработката. Двете општини Делчево и  Валени де Мунте се слични по површина и големина, во двете општини има слични индустриски гранки, слободни индустриски зони и културни настани кое нешто доволно говори за можноста од соработка.

Беше потпишан меморандум за соработка и разбирање со општината Валени де Мунте.

Покрај можноста за збратимување на средбата општините имаа можност да добијат и конкретна покана за заедничко искористување на фондовите на ЕУ односно можност за заеднички проект во програмата Европа за граѓаните.

Третата цел на средбата беше да се направи асоцијација на општини од двете земји која асоцијација ќе има можност да користи посебни фондови од ЕУ со цел да ја потпомага соработката помеѓу двете земји и општините кои се дел од оваа аоцијација.

100 9997_resize

Share/Save/Bookmark