Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности

Триесет и втората седница на Советот на Општина Делчево ќе се одржи на ден 30.10. 2015 година (петок). Седницата ќе се одржи во ООУ „Ванчо Прке“-Делчево со почеток во 14.00 часот.

За седницата е предложен следниот

 

Дневен ред

 

1.Предлог- Одлука за пристапување на Општина Делчево како соосновач на Здружение за рурален развој Локална Акциона Група „Малеш – Пијанец;

2.Предлог-Одлука за краткорочно домашно задолжување на Општина Делчево;

Образлагач: По точките 1 и 2 -Тони Стоименовски-Советник за поддршка на ЛЕР.

3.Предлог-Одлука за доделување на стипендии на студенти кои студираат на државните универзитети во РМ кои постигнале особено висок успех во студирањето;

4.Предлог-Одлука за доделување на стипендии на студенти кои студираат на државните универзитети во РМ;

5.Предлог-Одлука за доделување на стипендии на ученици од СОУ „М.М.Брицо“-Делчево постигнале особено висок успех во учењето;

6. Предлог-Одлука за доделување на стипендии на одлични ученици од СОУ „М.М.Брицо“-Делчево

Образлагач: По точките 3,4, 5 и 6- Сузана Петровска-Раководител ма Одделението за правни и општи работи и јавни дејности.

7.Годишен извештај за работата на ОЈУДГ „Весели Цветови“-Делчево за 2014/2015 година со Заклучок за усвојување;

8.Годишна Програма за работа на ОЈУДГ „Весели Цветови“-Делчево за 2015/2016 година со Заклучок за усвојување.

Образлагач: По точките 7 и 8- Тони Ивановски-Директор на ОЈУДГ „Весели Цветови“-Делчево.

 

II

Присуството на членовите на Советот на Општина Делчево е задолжително, а секое отсуство потребно е да се пријави кај Претседателот на Советот на Општина Делчево.


СОВЕТ НА ОПШТИНА ДЕЛЧЕВО

Претседател,

Драган Христов




Share/Save/Bookmark