Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности

IMG 6612_resize

Жителите на населбата Стрелиште во изминатиот период во комуникацијата и соработката со Општина Делчево предводена од градоначалникот Дарко Шехтански како приоритетен проблем за решавање го посочија асфалтирањето на ул.Чифличка во оваа населба.

За таа цел деновиве во тек се градежни активности за подготовка за асфалтирање на улицата во должина од 145 метри. Воедно ќе се изврши и доизградба на главната канализациона линија во должина од 40метри, со цел во иднина да не се наложи прекопување на улицата за нови приклучоци на канализационата мрежа. Средствата за реализација на овој проект се обезбедени од Буџетот на Општина Делчево

20151028 152722_resize

IMG 6609_resize

Share/Save/Bookmark