Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности

IMG 6617_resize

Денес , 30.10.2015 по претходно извршените подготовки и официјално започна изградбата на канализацијата во с.Вирче. Започнувањето на овој значаен проект со кој се решава огромен комунален проблем за жителите на ова село беше најавено пред 30 дена кога истовремено течеше изградбата на канализацијата во с.Град која е во напредна фаза на изградба како и завршувањето проектот за изградба на локалниот пат кој ги поврзува селата Стамер,Град и Вирче. 


Проектот за изградба на фекалната канализација во село Вирче се реализира со подршка од Владата на Република Македонија - Проектираната должина е од 3.876 метри и ќе опслужува 495 жители. Средствата се обезбедени преку кредит од Европската инвестициска банка во форма на грант од Владата на Република Македонија за Општината и од Буџетот на Општина Делчево.

IMG 6616_resize IMG 6618_resize

Share/Save/Bookmark