Postapki i_proceduri Gradezni dozvoli 

Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности

Врз основа на Одлуката за  доделување на стипендии на одлични ученици во СОУ „М.М.Брицо“, Делчево бр.09-2017/1 и Одлуката за доделување на стипендии на ученици од СОУ „М.М.Брицо„ Делчево кои постигнале особено висок успех во учењето бр.09-2016/1 од 30.10.2015 година („Сл.гласник на Општина Делчево“ бр.10/2015 ),Комисијата за доделување на ученички стипендии, распишува

КОНКУРС
 
за доделување на 12стипендии на одлични ученици од СОУ „М.М.Брицо“ од II, III и IV година 

1.Општина Делчево ќе додели 6стипендии на редовни одлични ученици од СОУ „М.М.Брицо“ од II,  III и IV година, во учебната 2015/2016 година, кои ги исполнуваат следните услови: 

1.1.Редовни одлични ученици од II,  III и IV година во учебната 2015/2016 година, со континуиран просечен одличен успех од 4.50 до 5.00 и со примерно поведение.
1.2.Ученици чии родители се невработени, со ниски месечни примања или приматели на социјална помош.
1.3.Учениците да се жители на Општина Делчево.
1.4.Учениците да не се корисници на друга стипендија.

Комисијата за доделување на ученички стипендии ги утврди следните критериуми со бодови, за доделување на 6 (шест) стипендии од точка 1 на конкурсот: 

1.1.1Континуиран просечен одличен успех (4.50 до 5.00)
-континуиран одличен успех (5.00)- 30 бода
-континуиран одличен успех ( од 4.50 до 4,99)- 25 бода
 

1.1.2.Против ученикот да нема изречено никаква педагошка мерка (вкупно 10 бода)
 - примерно поведение (до 10 неоправдани изостаноци)-10 бода
-за секој неоправдан вкупниот број на претходно освоените бодови се намалува за 0,5 бода.

1.2.1Семејно-материјалната положба на ученикот

 За овој критериум се утврдени следните подкритериуми:
 - Семејство без никакви примања-60 бода;
 - Семејство со примања до 1.500,00 денари по член на смејство-55 бода;
 - Семејство со примања од 1.501,00 до 2.000,00  денари по член на   семејство-50 бода
 -Семејство со примања од 2.001,00 до 5.000,00 по член на семејство-45 бода;

2. Општина Делчево ќе додели 6 (шест) стипендии на ученици од СОУ „М.М.Брицо„ Делчево кои постигнале особено висок успех во учењето, кои ги исполнуваат следните услови:

2.1 Редовни  ученици од II,  III и IV година во учебната 2015/2016 година, со континуиран просечен одличен успех од 5.00 и со примерно поведение
2.2. Ученици кои освоиле најмалку една награда во поединечна категорија за освоено прво, второ или трето место на државни или регионални натпревари.
2.3 Учениците да се жители на Општина Делчево
2.4 Учениците да не се корисници на друга стипендија

 Комисијата за доделување на ученички стипендии ги утврди следните критериуми со бодови, за доделување на 6 (шест) стипендии од точка 2 на конкурсот:

2.1.1 Континуиран  одличен успех ( 5.00)
-континуиран одличен успех (5.00)-50 бода
2.1.2 Против ученикот да нема изречено никаква педагошка мерка (вкупно 10 бода)
- примерно поведение (до 10 неоправдани изостаноци)-10 бода
за секој неоправдан вкупниот број на претходно освоените бодови се намалува за 0,5 бода.

2.2.1 Освоени награди во поединечна категорија на државни или регионални натпревари организирани од лиценцирани институции од МОН или Биро за развој на образованието.

      За овој критериум се утврдени следните подкритериуми:
-      за освоено прво место во поединечна категорија на државен натпревар – 40 бода
-      за освоено второ место во поединечна категорија на државен натпревар – 35 бода
-      за освоено трето место во поединечна категорија на државен натпревар – 30 бода
-      за освоено прво место во поединечна категорија на регионален натпревар – 25 бода
-      за освоено второ место во поединечна категорија на регионален натпревар – 20 бода
-      за освоено трето место во поединечна категорија на регионален натпревар – 15 бода


ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ
За доделување на ученички стипендии од точка 1 на конкурсот

1.Барање за доделување на ученичка стипендија (Архива на Општина Делчево и интернет страница: www.delcevo.gov.mk)
2. Фотокопија од свидетелства за претходни години;
3. Потврда за остварена плата за вработените членови на семејството  за месец Септември 2015 година или за последниот месец од 2015 година за кој е земено плата;
4. Потврда за редовен ученик/студент за членовите на семејството кои се ученици или студенти;
5. Потврда за невработените членови на семејството од Агенцијата
за вработување;
6. Потврда од Центарот за социјални работи доколку некој член е корисник на социјална или постојана парична помош;
7Изјава потпишана од родител/старател за обработка на личните податоци на кандидадот и членовите на неговото потесно семејство(Архива на Општина Делчево и интернет страница:delcevo.gov.mk)
8.Изјава од родител/старател дека ученикот не е корисник или примател на друга стипендија (Архива на Општина Делчево и интернет страница:www.delcevo.gov.mk)
9.Изјава од родител/старател за веродостојност на податоците(Архива на Општина Делчево и интернет страница:www.delcevo.gov.mk)


 ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ
За доделување на ученички стипендии од точка 2 на конкурсот

1.Барање за доделување на ученичка стипендија за ученици кои постигнале особено висок успех во учењето (Архива на Општина Делчево и интернет страница: ww.delcevo.gov.mk);
2. Фотокопија од свидетелства за претходни години;
3. Фотокопија од дипломи за освоени награди во поединечна категорија;
4. Изјава потпишана од родител/старател за обработка на личните податоци на кандидадот и членовите на неговото потесно семејство(Архива на Општина Делчево и интернет страница:www.delcevo.gov.mk);
5.Изјава од родител/старател за веродостојност на податоците(Архива на Општина Делчево и интернет страница:www.delcevo.gov.mk);
6.Изјава од родител/старател дека ученикот не е корисник или примател на друга стипендија (Архива на Општина Делчево и интернет страница:www.delcevo.gov.mk);


Постапка за доделување на ученички стипендии

1. Сите потребни документи се поднесуваат до Архива на Општина Делчево, секој работен ден од 8.00 до 16.00 часот или по пошта на адреса:

 Општина Делчевоул. „Светозар Марковиќ“ бр.1, со назнака  „за ученички стипендии за одлични ученици“ за ученици кои конкурираат за точка 1 од конкурсот и со назнака „ за ученички стипендии за ученици со особен успех„ за ученици кои конкурираат за точка 2 од конкурсот;

2. Доставените документи по Конкурсот ги разгледува Комисија формирана од Градоначалникот на Општина Делчево;

3. Некомплетните документи или документите  доставени по истекувањето на конкурсниот рок, нема да бидат разгледани;

4. Висината на стипендиите од точка 1 и точка 2 од конкурсот ќе изнесува 1.000 денари месечно во траење од  9 месеци во текот на учебната година 2015/2016;

5. Стипендиите се неповратни;

6. Конкурсот трае 15 дена од денот на објавувањето а рокот за пријавување е од  16.11.2015 година до  30.11.2015 година;

7. Конкурсот ќе се објави на Огласната табла во Општина Делчево, СОУ „М.М.Брицо„ Делчево, регионалните медиуми и интернет страницата на Општина Делчево  www.delcevo.gov.mk


ОПШТИНА ДЕЛЧЕВО
КОНКУРСНА КОМИСИЈА 

Share/Save/Bookmark

Коментирај

Коментари кои не се поврзани со текстот што е објавен, нема да се објавуваат.
Коментари кои содржат навредлива содржина по било која основа нема да се објавуваат.
Коментари кои содржат несоодветни зборови нема да се објавуваат.
Коментари кои се упатени на други коментари а се со содржина која не е поврзана со содржината на текстот на статијата нема да се објавуваат.


Последни актуелни информации

Објавено на 05 Јануари 2018, 12.40 од Д.Чапевски
2018-01-05-11-44-48 По објавените Јавни конкусри за доделување на стипендии на редовни студенти кои студираат на државните универзитети како и ученички стпиендии на редовни ученици кои учат во СОУ„М.М. Брицо“ Делчево денес...
Објавено на 03 Јануари 2018, 15.28 од Д.Чапевски
2018-01-03-14-32-37 Врз основа на член 35 став 3 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл.Весник на РМ бр. 199/2014, 44/2015,193/15, 31/16,163/16),член 50 точка 4 од Законот за локална самоуправа ("Сл.весник на...
Објавено на 02 Јануари 2018, 12.20 од Д.Чапевски
2018-01-02-11-24-13 СООПШТЕНИЕ Советот на Општина Делчево донесе одлука за изготвување  на листа на имиња на улици, плоштади, мостови и на други инфраструктурни објекти на подрачјето на oпштина Делчево . Според...
Објавено на 29 Декември 2017, 09.37 од Д.Чапевски
2017-12-29-08-39-06 Почитувани сограѓани Пристигна и овој дел од годината кога семејствата се собираат заедно за да ги прослават празниците. Пред нас се предизвици коишто мора да ги надминеме и да научиме нови лекции во...
Објавено на 29 Декември 2017, 09.28 од Д.Чапевски
-3------ Во среда на 27.12.2017 година со почеток во 14:00 часот во ООУ „Ванчо Прке“ се одржа третата седница на Советот на Општина Делчево. Откако беше усвоен Записникот од втората седница на дневен ред беа...
Објавено на 28 Декември 2017, 14.54 од Д.Чапевски
2017-12-28-14-06-02 Одделението за превенција, заштита и спасување при Општина Делчево ги известува граѓаните дека по повод новогодишните празници строго е забранета со Закон употребата на пиротехнички средства, петарди,...
Објавено на 28 Декември 2017, 12.54 од Д.Чапевски
2017-12-28-12-04-54   Во изминативе два дена градоначалникот Горан Трајковски присуствуваше на новогодишните забави приредени во детската градинка „Весели Цветови“ и Дневниот центар во Делчево. Секако и оваа година...
Објавено на 27 Декември 2017, 12.26 од Д.Чапевски
2017-12-27-11-29-28 Со почеток во 11:00 часот во Дневниот центар – Делчево се организираше предновогодишна забава од страна на корисниците на дневниот центар. На настанот присуствуваа гости од ЕЛС Делчево и градоначалникот...
Објавено на 26 Декември 2017, 15.16 од Д.Чапевски
2017-12-26-14-18-42 По повод Новогодишните и Божиќните празници Општина Делчево и оваа година изврши новогодишно украсување на градот на повеќе локации на јавни површини и објекти во централното градско подрачје. Апелираме...
Објавено на 26 Декември 2017, 09.43 од Д.Чапевски
2017-12-26-08-53-04 Учениците од шесто до деветто одделение од ООУ „Ванчо Прке“ Делчево денес, 26.12.2017 година беа во посета на Општина Делчево. Тие традиционално веќе неколку години по ред на Градоначалникот и...
Објавено на 25 Декември 2017, 15.05 од Д.Чапевски
2017-12-25-14-20-01 По повод новогодишните празници кои претсотјат, градоначалникот Горан Трајковски ги посети најмалите – дечињата од детската градинка „Весели Цветови“ Делчево. Тој на сите дечиња во придружба на дедо...
Објавено на 20 Декември 2017, 14.28 од Д.Чапевски
2017-12-21-13-35-32 Третата седница на Советот на Општина Делчево ќе се одржи на 27.12.2017 (среда) во ООУ „Ванчо Прке“ со почеток во 14.00 часот.           За седницата е...
Објавено на 14 Декември 2017, 12.52 од Д.Чапевски
2017-12-14-11-56-20 Општина Делчево апелира до сите граѓани, правни и физички лица и субјекти, како и текстилни фабрики, кои располагаат  и употребуваат  текстилен, пластичен, гумиран отпад и незаконски го...
Објавено на 07 Декември 2017, 12.41 од Д.Чапевски
2017-12-07-11-55-41 Одделението за превенција, заштита и спасување при Општина Делчево ги известува жителите дека со отпочнувањето на грејната сезона се должни да извршат проверка и чистење на оџаците од системите за...
Објавено на 05 Декември 2017, 14.03 од Д.Чапевски
2017-12-05-13-05-39 Денес, 05.12.2017 година со почеток во 12:00 часот Градоначалникот Горан Трајковски реализираше средба со Текстилното Трговско Здружение – Текстилен Кластер и сопствениците на 7 текстилни компании од...
Објавено на 04 Декември 2017, 13.03 од Д.Чапевски
2017-12-04-12-06-02 Со стапувањето на функција на новиот Градоначалник на општина Делчево, г-динот Горан Трајковски започна со остварување на сопствената програма и визија за работа и развој на општинската администрација...
Објавено на 04 Декември 2017, 11.49 од Д.Чапевски
2017-12-04-10-57-08 Денес со почеток во 10:00 часот градоначалникот Горан Трајковски во својот кабинет приреди свечен коктел на кој присуствуваа лицата со посебни потреби од Дневниот центар во Делчево. Овој коктел се...
Објавено на 04 Декември 2017, 10.04 од Д.Чапевски
2017-12-04-09-07-12  Со почеток во 14:00 часот во ООУ „Ванчо Прке“ Делчево, Советот на Општина Делчево ја одржа втората седница. За седницата беа предложени 13 точки на дневен ред, а во тек на седницата беше дополнет...
Објавено на 01 Декември 2017, 12.24 од Д.Чапевски
2017-12-01-11-24-46 3-ти Декември се одбележува како Меѓународен ден на лицата со посебни потреби. Овој ден е посебно акцентиран на потребите и проблемите кои ги имаат и со кои се соочуваат лицата со посебни потреби. ...
Објавено на 27 Ноември 2017, 11.52 од Д.Чапевски
2017-11-27-11-01-38 Градоначалниците од Бугарија и Македонија се собраа во Ќустендил на тркалезната маса на тема „Бугарско-македонски односи: приоритети, заеднички перспективи и предизвици“. Состанокот го организираа...

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес1131
mod_vvisit_counterВчера1159
mod_vvisit_counterОваа недела4699
mod_vvisit_counterПретходна недела7739
mod_vvisit_counterОвој месец21444
mod_vvisit_counterПретходен месец40452
mod_vvisit_counterВкупно1800814

Присутни online: 18
Ваша IP: 54.227.6.156
,
Денес: Јан 18, 2018

Интерактивни мапи

Плански региони во Р.М.