Postapki i_proceduri Gradezni dozvoli 

Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности

КОНКУРС
за доделување на 12 стипендии на
студенти  кои студираат на државните универзитети во Република Македонија

1.Општина Делчево ќе додели 6 (шест)стипендии на редовни студенти  од сите студиски години освен (прва) кои студираат на државните универзитети во РМ,  кои ги исполнуваат следните услови:

1.1.Редовни студенти од сите студиски години освен (прва) , со континуиран успех над 8,00  кои не повторувале во текот на студирањето;
1.2.Студенти чии родители се невработени, со ниски месечни примања или приматели на социјална помош;
1.3.Студентите да се жители на Општина Делчево;
1.4.Студентите да не се корисници на друга стипендија

Комисијата за доделување на студентски стипендии ги утврди следните критериуми со бодови,  за доделување на 6 (шест) стипендии од точка 1 на конкурсот: 

1.1.1. Остварен успех во текот на студирањето од прва до тековно запишаната студиска година:

  -Со просек 10.00-40 бода
 -Со просек од 9.00 до 9,99 -30 бода
 -Со просек од 8.01 до 8,99 -20 бода

 1.2.1.Семејно-материјалната состојба на студентот:

 За овој критериум се утврдени следните подкритериуми:

        - Семејство без никакви примања-60 бода;
        - Семејство со примања до 1.500,00 денари по член на смејство 55 бода;
        - Семејство со примања од 1.501,00 до 2.000,00  денари по член на семејство-50 бода
        -Семејство со примања од 2.001,00 до 5.000,00 денари по член на семејство-45 бода;

 2. Општина Делчево ќе додели 6 (шест) стипендии на редовни студенти  од сите студиски години освен (прва) кои студираат на државните универзитети во РМ и кои постигнале особено висок успех во студирањето,  кои ги исполнуваат следните услови:

 2.1.Редовни студенти од сите студиски години освен (прва) , со континуиран успех од најмалку 9,50 и  кои не повторувале во текот на студирањето
 2.2.Студентите да се жители на општина Делчево
 2.3.Студентите да не се корисници на друга стипендија

Комисијата за доделување на студентски стипендии ги утврди следните критериуми со бодови,  за доделување на 6 (шест) стипендии од точка 2 на конкурсот:

 2.1.1. Остварен успех во текот на студирањето од прва до тековно запишаната студиска година:

  -Со просек 10.00-100 бода
 -Со просек од 9.91 до 9,99 -95 бода
 -Со просек од 9.86 до 9,90 -90 бода
 -Со просек од 9.81 до 9,85 -80 бода
 -Со просек од 9.71 до 9,80 -70 бода
 -Со просек од 9.61 до 9,70 -60 бода
 -Со просек од 9.50 до 9,60 -50 бода

 ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ за доделување на студентски стипендии од точка 1 на конкурсот

1. Барање за доделување на студентски стипендииБарање за доделување на студентски стипендии(Архива на Општина Делчево и интернет страница: www.delcevo.gov.mk);
2. Фотокопија од Индекс;
3.Потврда за редовен студент  за студиска 2015/2016 година;
4. Потврда со број на  положени испити со оценки; 
5. Потврда за остварена плата за вработените членови на семејството  за месец Септември 2015 година или за последниот месец од 2015 година за кој е земено плата;
6. Потврда за редовен ученик/студент за членовите на семејството кои се ученици или студенти;
7. Потврда за невработените членови на семејството од Агенцијата за вработување;
8. Потврда од Центарот за социјални работи доколку некој член е корисник на социјална или постојана парична помош;
9. Изјава потпишана од родител/старател за обработка на личните податоци на кандидадот и членовите на неговото потесно семејство(Архива на Општина Делчево и интернет страница: www.delcevo.gov.mk ;
10Изјава од родител/старател за веродостојност на податоците (Архива на Општина Делчево и интернет страница: www.delcevo.gov.mk
11. Изјава од родител/старател дека студентот не е корисник или примател на друга стипендија (Архива на Општина Делчево и интернет страница:delcevo.gov.mk).

 ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ за доделување на студентски стипендии од точка 2 на конкурсот

 1. Барање за доделување на студентски стипендиина студенти кои постигнале особено висок успех во студирањето (Архива на Општина Делчево и инетрнет страница:www.delcevo.gov.mk);
 2. Фотокопија од Индекс;
 3.Потврда за редовен студент за студиска 2015/2016 година;
 4. Потврда со број на  положени испити со оценки;
 5. Изјава потпишана од родител/старател за обработка на личните податоци на кандидадот и членовите на неговото потесно семејство(Архива на Општина Делчево и интернет страница:www.delcevo.gov.mk);
 6.Изјава од родител/старател за веродостојност на податоците(Архива на Општина Делчево и инетрнет страница: www.delcevo.gov.mk);
 7Изјава од родител/старател дека студентот не е корисник или примател на друга стипендија (Архива на Општина Делчево и интернет страница:delcevo.gov.mk).

 Постапка за доделување на стипендии

 1. Сите потребни документи се поднесуваат до Архива на Општина Делчево, секој работен ден од 08.00 до 16.00 часот или по пошта на адреса: Општина Делчево, ул. „Светозар Марковиќ“ бр.1, со назнака „за стипендии на студенти кои студираат на државни универзитети во РМ„ за студенти кои конкурираат за точка 1 од Конкурсот и со назнака „за стипендии на студенти кои постигнале особено висок успех во студирањето„ за студенти кои конкурираат за точка 2 од Конкурсот;

 2. Доставените документи по Конкурсот ги разгледува Комисија формирана од Градоначалникот на Општина Делчево, од редот на вработените во Општина Делчево и Советот на Општина Делчево;

 3. Некомплетните документи или документите доставени по истекувањето на конкурсниот рок, нема да бидат разгледани; 

4. Висината на стипендијата од точка 1 на Конкурсот ќе изнесува 2.000 денари месечно а висината на стипендијата од точка 2 на Конкурсот ќе изнесува 3.500 денари за 9 месеци во текот на студиската година.

 5. Стипендиите се неповратни;

 6. Конкурсот трае 15 дена од денот на објавувањето а рокот за пријавување е од  16.11.2015 година до  30.11.2015 година;

 7. Конкурсот ќе се објави на Огласната табла во Општина Делчево, регионалните медиуми и интернет страницата на Општина Делчево  www.delcevo.gov.mk

ОПШТИНА  ДЕЛЧЕВО 
КОНКУРСНА КОМИСИЈА

Share/Save/Bookmark

Коментирај

Коментари кои не се поврзани со текстот што е објавен, нема да се објавуваат.
Коментари кои содржат навредлива содржина по било која основа нема да се објавуваат.
Коментари кои содржат несоодветни зборови нема да се објавуваат.
Коментари кои се упатени на други коментари а се со содржина која не е поврзана со содржината на текстот на статијата нема да се објавуваат.


Последни актуелни информации

Објавено на 24 Март 2017, 12.17 од Д.Чапевски
2017-03-24-11-19-09 Се известуваат жителите на општина Делчево дека следејќи ги состојбите предизвикани од пожарите на отворен простор, а имајќи го во предвид претстојниот пролетен и летен период, започнувањето на...
Објавено на 20 Март 2017, 12.12 од Д.Чапевски
2017-03-20-11-13-07  Во рамките на проектот „Соработка помеѓу полицијата и локалното население “ имплементиран од страна на ОБСЕ -  Мисијата во Скопје, преку Одделението за соработка со полицијата и локалното...
Објавено на 09 Март 2017, 13.18 од Д.Чапевски
2017-03-09-12-28-08 Финализираа градежните работи за изградба на тротоарска патека од десната страна на улицата "Мито Хаџивасилев Јасмин" на потегот од раскрсницата кај ветеринарната станица кон Урбаната заедница „Стар...
Објавено на 08 Март 2017, 13.58 од Д.Чапевски
2017-03-08-13-06-23 Претседателот на Владата на Република Македонија, Емил Димитриев, денеска  реализираше работна посета во Делчево. Во рамки на посетата Премиерот Димитриев  ги посети новоизградените простории...
Објавено на 08 Март 2017, 11.37 од Д.Чапевски
-2-22-2016-2021     На ден 07.03.2017г во просториите на Спомен дом ,АСНОМ,, ( сала на совет ) со почеток во 11:00 часот се одржа  Јавната презентација воедно и почеток на Јавна анкета за Предлог...
Објавено на 07 Март 2017, 09.31 од Д.Чапевски
-48- 48.седница на Советот на Општина Делчево ќе се одржи на 14.03.2017 (вторник) во ООУ „Ванчо Прке“ со почеток во 14.00 часот. За седницата е предложен следниот Дневен ред -Усвојување на Записникот од...
Објавено на 03 Март 2017, 08.26 од Д.Чапевски
2017-03-03-07-35-14  Денеска во Делчево се одржа  втората Работилница за креирање на локална стратегија за социјална инклузија на млади и жени која исто така е во рамки на проектот Македонска активна платформа за...
Објавено на 02 Март 2017, 09.24 од Д.Чапевски
2017-03-02-08-30-12 Врз основа на член 35 став 3 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл.Весник на РМ бр.199/14, 44/15),член 50 точка 4 од Законот за локална самоуправа ("Сл.весник на РМ" бр.5/02), член 107 од...
Објавено на 01 Март 2017, 13.15 од Д.Чапевски
2017-03-01-12-21-17 На официјална прес-конференција во банкет салата на хотел „Македонија“ градоначалниците на Делчево и Благоевград  го означија почетокот на реализацијата на проектот  “Енергетски ефикасно...
Објавено на 27 Февруари 2017, 13.03 од Д.Чапевски
2017-02-27-12-07-39 Покана за учество на прес конференција за отварање на проект “Енергетски ефикасно осветлување во регионот Благоевград-Делчево” Ref. № CB006.1.11.114. Почитувани граѓани, претставницина медиуми, колеги...
Објавено на 23 Февруари 2017, 18.48 од Д.Чапевски
2017-02-24-07-50-26 Со интонирањето на химната на Р.Македонија во спортската сала при СОУ „Методи Митевски – Брицо“ започна официјалниот дел од програмата за одржување на Државното првенство во ФУТСАЛ за средни ...
Објавено на 21 Февруари 2017, 09.14 од Д.Чапевски
2017-02-21-08-17-43 Со одлука на Извршниот одбор на ФЕДЕРАЦИЈАТА НА УЧИЛИШЕН СПОРТ НА МАКЕДОНИЈА донесена на 16.02.2017 година, за прв пат Државното првенство во ФУТСАЛ за средни  училишта во машка  конкуренција...
Објавено на 17 Февруари 2017, 12.05 од Д.Чапевски
-73- Со традиционалниот планинарски марш општина Делчево ќе ја одбележи 73 годишнината од реализацијата на февруарскиот поход во 1944 година.Овој значаен настан од македонската понова историја одиграл...
Објавено на 16 Февруари 2017, 14.48 од Д.Чапевски
2017-02-16-13-54-14 Денес со почеток во 11.00 часот во салата на ООУ „Ванчо Прке“ се одржа завршен настан на кој беа презентирани резултатите од Проектот на УСАИД за општински стратегии за климатски промени, спроведуван од...
Објавено на 15 Февруари 2017, 15.05 од Д.Чапевски
-47- 47.седница на Советот на Општина Делчево ќе се одржи на 22.02.2017 (среда) во ООУ „Ванчо Прке“ со почеток во 14.00 часот. За седницата е предложен следниот Дневен ред -Усвојување на...
Објавено на 13 Февруари 2017, 12.08 од Д.Чапевски
2017-02-13-11-12-43 Во рамки на проектот МАПСИ Македонска активна платформа за социјална инклузија, во петокот на 10.02.2017 година се одржа првата од трите предвидени работилници за социјална инклузија на млади и жени. На...
Објавено на 09 Февруари 2017, 15.40 од Д.Чапевски
2017-02-09-14-43-44 Градоначалникот Дарко Шехтански на средбата со учениците од гимназијата „Методи Митевски – Брицо“ која денес се одржа во неговиот кабинет  ја имаше можноста да ги додели стипендиите на најдобрите...
Објавено на 04 Февруари 2017, 11.01 од Д.Чапевски
-145------ Денес 04.02.2017 година се навршуваат 145 години од раѓањето на идеологот, организатор и водач на македонското револуционерно националноослободително движење кон крајот на XIX и почетокот на XX...
Објавено на 03 Февруари 2017, 09.01 од Д.Чапевски
-145-   Во сабота, 04.02.2017 година се навршуваат 145 години од раѓањето на големиот револуционер и идеолог на македонско револуционерно дело - Гоце Делчев. По тој поводделегации на Општина Делчево...
Објавено на 02 Февруари 2017, 09.22 од Д.Чапевски
2017-02-13-08-26-44  По завршувањето на рехабилитацијата на дел од улица "Мито Хаџивасилев Јасмин" на спој со улицата "Маршал Тито"  и изградбата на нов армирано-бетонски потпорен ѕид од страната на ендекот со...

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес417
mod_vvisit_counterВчера702
mod_vvisit_counterОваа недела417
mod_vvisit_counterПретходна недела5360
mod_vvisit_counterОвој месец22722
mod_vvisit_counterПретходен месец31155
mod_vvisit_counterВкупно1488395

Присутни online: 7
Ваша IP: 54.211.169.76
,
Денес: Мар 27, 2017

Интерактивни мапи

Плански региони во Р.М.