Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности

Триесет и шестата седница на Советот на Општина Делчево ќе се одржи на ден 15.03.2016година (Вторник) во  салата на  ООУ „Ванчо Прке“-Делчево, со почеток во 14.00 часот.

          За седницата е предложен следниот

Дневен ред

 -         Усвојување на Записникот од 35.седница на Советот на општина Делчево

 

  1. Предлог-Одлука за организацијата, делокругот и начинот на извршување на задачиоте на општинската администрација на општина Делчево;

    Образлагач: Дарко Шехтански-Градоначалник на Општина Делчево.

  2. Завршна сметка на Општина Делчево за 2015 година;

  3. Годишен извештај на Општина Делчево за 2015 година со Заклучок за усвојување;

    Образлагач: Анка Христова-Раководител на Одделението за финансиски прашања.

  4. Извештај за јавната безбедност и безбедноста на сообраќајот на патиштата на подрачјето на општина Делчево со Заклучок за усвојување;

    Образлагач:Кирил Синадиновски-Командир на Полициската станица од општа надлежност-Делчево.

  5. Предлог-Одлука за давање согласнот на Одлуката за измена и дополнување на Статутот на ЈЛБ „Илинден“-Делчево;

  6. Годишен извештај за работата на ЈЛБ „Илинден“-Делчево за 2015 година со Заклучок за усвојување;

  7. Годишна Програма за работа на ЈЛБ „Илинден“-Делчево за 2016 година со Заклучок за усвојување;

  8. Годишна сметка на ЈЛБ „Илинден“-Делчево за 2015 година со Заклуок за усвојување;

    Образлагач: По точките 5,6,7 и 8-Митко Поповски-Директор на ЈЛБ „Илинден“-Делчево.

  9. Предлог-Одлука за усвојување на Предлог-Планот за запишување на ученици во прва година во СОУ „М.М.Брицо“ Делчево за учебната 2016/2017;

  10. Годишна сметка на СОУ „М.М.Брицо“-Делчево за 2015 година со Заклучок за усвојување;

    Образлагач: По точките 9 и 10- Билјана Петровска-Директор на СОУ „М.М.Брицо“-Делчево.

  11. Годишна сметка на ООУ „Ванчо Прке“-Делчево за 2015 година со Заклучок за усвојување;

    Образлагач: Сашко Ивановски-Директор на ООУ „Ванчо Прке“-Делчево.

  12. Годишна сметка на ООУ „Св.Климент Охридски“-Делчево за 2015 година со Заклучок за усвојување;

    Образлагач: Валентина Михаиловска-Директор на ООУ „Св.Климент Охридски“-Делчево.

  13. Годишна сметка на ОЈУДГ „Весели Цветови“-Делчево за 2015 година со Заклуок за усвојување;

    Образлагач: Тони Ивановски-Директор на ОЈУДГ „Весели Цветови“-Делчево.

  14. Предлог-Одлука за преземање на сите селски водоводи од страна на ЈПКД „Брегалница“ Делчево;

  15. Извештај за спроведувањето на Програмата за управување со отпад за 2015 година со Заклучок за усвојување;

  16. Предлог-Програма за управување со отпад за 2016 година

    Образлагач: По точките 14,15 и 16- Татјана Стојковска-Виш соработник за заштита на животната средина и комунална инфраструктура.

  17. Предлог-Одлука за прифаќање на Иницијатива за измена и дополна на ДУП за модул-2 нас.„Пролет“ КО Делчево, Општина Делчево во Програмата за изработка на урбанистички планови на подрачјето на Општина Делчево за 2016 година;

  18. Предлог-Одлука за утврдување на Нацрт-детаен урбанистички план (ДУП) за Урбана единица 1, дел од Урбан блок 2.1.-Кожара, град Делчево, Општина Делчево.

    По точките 17 и 18-Зорка Котев-Виш соработник за урбанизам и просторно планирање.

  19. Предлог-Одлука за согласност на Програмата за работа на ЈПКД „Брегалница“-Делчево за 2016 година;

  20. Предлог-Заклучок за усвојување на Извештајот за работа на ЈПКД „Брегалница“-Делчево за 2015 година;

  21. Годишна сметка на ЈПКД „Брегалница„-Делчево за 2015 година со Предлог-Заклучок за усвојување;

  22. Прашања и предлози на членови на Совет.

Присуството на членовите на Советот на Општина Делчево е задолжително, а секое отсуство потребно е да се пријави кај Претседателот на Советот на Општина Делчево.
 

ОПШТИНА ДЕЛЧЕВО
Претседател, 
Драган Христов 



Share/Save/Bookmark