Postapki i_proceduri Gradezni dozvoli 

Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности

138godini pijanechka_republika_resize

Националната установа центар за култура „Никола Јонков Вапцаров“ - Делчево тргнувајќи од вредностите и значењето на македонската историја, особено чествувањето на културно-историското наследство на пијанечкиот крај  организира настан за одбележување на 138 години од Пијанечката Република.

На 31.03.2016 година со почеток во 20:00 часот во Спомен дом „АСНОМ“ ќе се одржи Вечер на родољубиви македонски антологиски песни, во рамки на програмата за овој настан предвидено е учесниците на настанот да исполнат редица македонски патриотски песни.

  • Кореографија „Пирин планино“, изведба Мирче Милчевски и Сара Начова.
    Изведба МИКИ-БЕНД 
  • ПРВ ДЕЛ
    -Болен ми лежи Миле Поп-Јорданов
    -Ја излези Ѓурѓо
    -Кога падна на Пирина
    -Излегол Јане Сандански 
    -Земјо Македонска
    -Заплакало е Мариово
    -Не плачи мајко, не жали
  • ВТОР ДЕЛ
    -Проклети да се предавниците
    -Алиман се шета
    -Послушајте патриоти
    -Се собрале комитите
    -Многу крвја, многу солзи
    -Абер ми иде Могила
    -Нешто ќе те питам бабо 
  • Оркестар „ТАБИЕТ“ и Јована Јакимова
    -Параходот ми пристигна
    -Калеш Анѓо
    -Ој Јано, Јано
    -Македонски лирски евергрини - кореографија „Лазаренки“
  • ГОСТИН НА ВЕЧЕРТА - КРУМЕ СПАСОВСКИ 
Регионот Пијанец се наоѓа на североисточниот дел на Македонија расположен на горниот трек на реката Брегалница и долините на реката Елешница, од исток допирајќи до реката Струма и од Малешевските Планини до Руен на Осоговските Планини и Кадин Мост кај Ќустендил. Овој регион преку долината на реката Брегалница се поврзувал со долината на реката Вардар.
Територијата на областа Пијанец почнува од реката Струма кај Четирци од врвот Курилово по ридот до врвот Ересковица - Ѕвегорска планина - Влаина-Кадиица, вододелницата меѓу реката Желевица и Кадиица, северно од селото Митрашинци-Голак- селото Грљани - селото Калиманци-селото Дулица по ридот до Побиен камен (с.Цера)- Руен-Солунка-Шапка-Црна Камен- Ореовски Дол итн.
На југ се граничи со Малешево, Обозна и Кочанската котлина, на запад со Осоговските планини.
По завршувањето на Руско турската војна во 1878 година, во областа Пијанец - Делчевско во Источниот дел на Македонија била создадена таканаречената Пијанечка Република. Не задоволен од развојот на настаните во однос на македонското прашање, војводата Илија Марков Малешевски (Дедо Иљо Малешевски) во соработка со другите македонски војводи: Ѓорѓи Пулевски, Григор Огненов, Ѓорѓи Цочов, Коте Карчов, Димитар Трифунов Цветков и Ѓорѓи Антонов ги разоружале башибозучките банди во селата јужно од Ќустендил, и без судири го запоседнале реонот Пијанец.
Оваа акција започнала на 20 јануари 1878 год. (стар стил). Бидејки се знаело дека турската војскаи властите се повлекле од Пијанец, а останале само Башибозучки банди, Иљо Малешевски решил да ги разоружа и тоа без дозвола на руските власти во Ќустендил. На местото Ветрански ливади тој се состанал со влијателниот буљукбаша Мустафа Брзе од село Габрово. Со него било договорено муслиманските првенци од пијанечките села (12-14 на број) во рок од три дена да го соберат оружјето и да го предадат на неговата чета во Долен Црквенец каде се наоѓал неговиот штаб. Истото било направено без отпор, а му се потчинил и прочуениот пијанечки ајдук Суљо. Во оваа ослободителна акција се вклучил и Димитар Поп Ѓорѓиев Беровски. Овие здружени чети околу 150 вооружени луѓе направиле обиколка на селата, при што било убедено населението во нивните ослободителни намери. Исто така била формиранна - востаничка власт составена од востаничките чети, селските старешини, привремена полициска стража (12 души) и една комисија составена од првенците: Иванчо Попов Икономов од Царево село - претседател, Ангел С. Чинев, Никола Тодоров, Мицо Киселички, Мане Арсов, Мануил Поп Костадинов, Ангел Н. Чорбаџиски, Мито Н. Бојаџијата, Амит Кадисли и Мола Мехмед. Во втората половина на Февруари било објавено дека Пијанец останува под турска власт, а четите на Иљо Малешевски и Димитар Беровски добиле наредба да се повлечат во Ќустендил. Сепак впоставената власт во Пијанец продолжила да опстојува се до 29 март 1878. Тогаш пазарџиите враќајќи се од Виница ја донеле веста дека од Кочани кон Царево село доаѓа многубројна турска војска составена од неколку табури (батаљони) со 4 планински топови и 150 коњаници. Ова предизвикало страв и паника кај христијанското население во пијанечките села, кое набрзина почнало да бега (околу 160 семејства) кон Ќустендил. Еден дел од бегалците се вратиле на почетокот на зимата а другите се населиле во испразнетите турски куќи во Ќустендил, Софија и Ловечко. Турската војска пристигнала во Царево село на 30 март 1878 год.. До христијанското население било пратено соопштение дека нема да му се случи ништо ако се врати во своите домови. Иако тоа било прифатено со недоверба, сепак подоцна се покажало дека турските власти навистина не направиле никакви репресалии врз македонското население.
Share/Save/Bookmark

Коментирај

Коментари кои не се поврзани со текстот што е објавен, нема да се објавуваат.
Коментари кои содржат навредлива содржина по било која основа нема да се објавуваат.
Коментари кои содржат несоодветни зборови нема да се објавуваат.
Коментари кои се упатени на други коментари а се со содржина која не е поврзана со содржината на текстот на статијата нема да се објавуваат.


Последни актуелни информации

Објавено на 24 Мај 2017, 11.32 од Д.Чапевски
2017-05-25-10-47-15  Денес , 24.05.2017 година,  Делчево го празнува својот патрон празник- Денот на сесловенските просветители светите браќа Кирил и Методиј. Настанот за одбележување на патрониот празник...
Објавено на 19 Мај 2017, 00.00 од Д.Чапевски
-20-   Во петок (19.05.2017 година) во просториите на ТППЕ Делчево се одржа пригодна прослава по повод  „Светскиот ден на пожарникарите“. И годинава  на предлог на командирот на ТППЕ Делчево...
Објавено на 15 Мај 2017, 08.43 од Д.Чапевски
-141-   Огромен број на гости вчера (14.05.2017 година) присуствуваа на чествувањето на 141 годишнината од кревањето на Разловечкото востание. Настанот се одржа во дворот на црквата Св. Цар Константин и...
Објавено на 12 Мај 2017, 08.26 од Д.Чапевски
2017-05-25-07-32-27 Учениците Никола Џабирски, Даме Стоиловски и Давид Ристовски под менторство на проф. Билјана Ивановска како прво пласирани на оштинскиот натпревар по Сообраќајно техничка култура на младите, на  11...
Објавено на 11 Мај 2017, 13.24 од Д.Чапевски
-50- Педесетата седница на Советот на Општина Делчево која беше закажана за 12.05.2017 година (петок) со почеток во 14:00 часот се одлага на неодредено време. Седницата се одлага бидејќи одлуките донесени на...
Објавено на 09 Мај 2017, 10.35 од Д.Чапевски
-9-   Со полагање на букети со свежо цвеќе на споменикот на паднатите борци од НОВ, денеска беше одбележан  9-ти мај - Денот на Европа како и 72 години од победата над фашизмот. Букети со...
Објавено на 08 Мај 2017, 13.05 од Д.Чапевски
-50- Седницата ќе се одржи на 12.05.2017 година (петок) во ООУ „Ванчо Прке“ со почеток во 14.00 часот. За седницата е предложен следниот Дневен ред -Усвојување на Записникот од 49.седница 1.Предлог-Одлука...
Објавено на 04 Мај 2017, 11.11 од Д.Чапевски
-114-   04.05.2017 година со почеток во 10:00 часот пред споменикот на Гоце Делчев во центарот во Делчево со пригодна програма се одбележа 114 годишнината од смртта на великанот на македонската...
Објавено на 28 Април 2017, 19.01 од Д.Чапевски
2017-05-12-08-07-17  Во изминатите неколку дена на територијата на општина Делчево се изврши како изградба така и реконструкција на улици на неколку локации.Во населбата Ѕвегорска река се изгради пристапната улица П12...
Објавено на 27 Април 2017, 18.44 од Д.Чапевски
2017-04-28-07-53-54 Започна замената на уличните живини светилки со штедливи ЛЕД диоди на собирните улици во Општина Делчево и тоа: Ново Делчево  - Орце Николов, Кеј на Ослободување, Скопска, Прв реон - Голачка,...
Објавено на 26 Април 2017, 10.58 од Д.Чапевски
---12---- После асфалтирањето на дел од улица бр.2 во населбата Ѕвегорска река кое се изврши во месец Ноември 2016 година кога беа асфалтирани 75 метри од оваа улица, вчера беше асфалтирана уште една улица во...
Објавено на 25 Април 2017, 12.39 од Д.Чапевски
-2017 Општинските натпревари по сообраќај „Детски семафор“ и „Сообраќјно техничка култура на младите“ оваа година се одржаа во ООУ Ванчо Прќе во Делчево. Натпреварувачките екипи беа ООУ „Св.Климент Охридски“...
Објавено на 06 Април 2017, 07.58 од Д.Чапевски
2017-04-06-07-03-26  На барање на жителите на Урбаната заедница 1ви Реон  деновиве екипи од ЈПКД „Брегалница“ активно работат на реконструкција на дел од пешачка зона меѓу улиците Солунска и Јане Сандански. ...
Објавено на 04 Април 2017, 08.19 од Д.Чапевски
-49- Седницата ќе се одржи на 11.04.2017 година (вторник) во ООУ „Ванчо Прке“ со почеток во 14.00 часот.           За седницата e предлoжен следниот Дневен...
Објавено на 31 Март 2017, 13.31 од Д.Чапевски
2017-03-31-12-38-37 Општина Делчево објавува повик за доставување на понуди за изведување градежни работи кои вклучуваат „РЕКОНСТРУКЦИЈА И ДОГРАДБА НА УЛИЦА СВЕТОЗАР МАРКОВИЌ, РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ДЕЛ ОД УЛИЦА МАРШАЛ ТИТО И...
Објавено на 31 Март 2017, 13.10 од Д.Чапевски
2017-03-31-13-00-23 Во рамки на проектот МАПСИ – Македонска активна платформа за социјална инклузија, кој го имплементира Институт за економски стратегии и меѓународни односи – Охрид и партнерската организација Македонско...
Објавено на 24 Март 2017, 12.17 од Д.Чапевски
2017-03-24-11-19-09 Се известуваат жителите на општина Делчево дека следејќи ги состојбите предизвикани од пожарите на отворен простор, а имајќи го во предвид претстојниот пролетен и летен период, започнувањето на...
Објавено на 20 Март 2017, 12.12 од Д.Чапевски
2017-03-20-11-13-07  Во рамките на проектот „Соработка помеѓу полицијата и локалното население “ имплементиран од страна на ОБСЕ -  Мисијата во Скопје, преку Одделението за соработка со полицијата и локалното...
Објавено на 09 Март 2017, 13.18 од Д.Чапевски
2017-03-09-12-28-08 Финализираа градежните работи за изградба на тротоарска патека од десната страна на улицата "Мито Хаџивасилев Јасмин" на потегот од раскрсницата кај ветеринарната станица кон Урбаната заедница „Стар...

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес304
mod_vvisit_counterВчера1099
mod_vvisit_counterОваа недела1403
mod_vvisit_counterПретходна недела10495
mod_vvisit_counterОвој месец35339
mod_vvisit_counterПретходен месец28513
mod_vvisit_counterВкупно1554504

Присутни online: 16
Ваша IP: 54.162.91.86
,
Денес: Мај 30, 2017

Интерактивни мапи

Плански региони во Р.М.