Postapki i_proceduri Gradezni dozvoli 

Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности

most razlovci_resize

Реконструкцијата на мостот кон Делчево ќе го врати во живот историското Разловци

Мостот на реката Брегалница што го поврзува историското село Разловци со Делчево нема да освои награда за спектакуларен дизајн или уникатна архитектура, но за жителите на Разловци претставува животна врска со градот и остатокот од светот. Околу илјада жители секојдневно зависат од овој мост преку кој минуваат за на училиште, во болница, на работа или пак да пазарат.

Изграден во 1977 година од ЈНА, мостот претпрпе сериозни штети во поплавите минатата година, така што сега постои ризик од целосно уривање ако набргу не се санира. Иако официјално е затворен за поминување и има знаци на забрана, гоем дел од населението не ја почитува оваа забрана бидејќи алтернативниот пат е стар, неасфалтиран и тешко се минува со патнички возила.

„Со секое поминување се изложуваме на голем ризик“, објаснува Ванчо Спасевски-Чарли, наставник во основното училиште и претседател на месната заедница во Разловци. „Овде сме целосно отсечени. Луѓето не ја почитуваат забраната за возила и поминуваат преку мостот бидејќи треба да одат на работа, да ги однесат децата на училиште, или да одат во продавница, во болница. Не постои друг начин, бидејќи друга алтернатива е стариот пат кој е во многу лоша состојба. Така што, жителите ги ризикуваат животите, а секој ден состојбата на мостот се влошува, пукнатините се прошируваат. Мора итно да се санира и да се обезбеди безбедно поминување, посебно во итни случаи, на пример за возила на прва помош или протипожарни возила“.

Заканата дека мостот може да се урне целосно во случај на нови поплави, го прави овој проект приоритетен и мора да се заврши без било какви одложувања. Општината, која кубури со средства, сама не може да собере доволно финансии, но обновата на мостот влезе во Програмата на Европската унија за санација на штетите од поплавите во 2015 година. Унијата одобри мултимилионска програма за реконструкција на најпогодените инфраструктурни објекти, вклучително и мостот меѓу Трботивиште и Разловци.Мостот во текот на оваа година ќе биде обновен според стандардите „градиме подобро“ и ќе биде поотпорен на поплави.

„За време на реконструкцијата, која ќе трае неколку месеци, ќе се користи стариот пат долг десет километри. Три километри од него се асфалтирани, а на останатите единствено што можеме да направиме е машинско порамнување“, вели градоначалникот на Делчево, Дарко Шехтански. „Во моментот постои опасноста за поминување и ризик за влошување на состојбата иако нивото на водата во Брегалница за сега е ниско. Но, во секој случај, почнуваме со реконструкција, благодарение на Програмата на Европската унија за санирање на штетите од поплавите и се надеваме дека ќе завршиме на време“, додава Шехтански.

За ситуацијата да биде уште посериозна, мостот не само што е единствената врска на Разловци со градот, туку преку него поминува и главната водоводна цевка што го снабдува Делчево со вода за пиење. Ако мостот набргу не биде саниран, се доведува во прашање снабдувањето со вода за пиење за целиот град.

Дел од локалните жители тврдат дека мостот можел да биде спасен од оштетувања, ако континуирано се отстранува ѓубрето од реката и гранките што ги носи водата по поројни дождови. Некои пак велат дека за оштетувањето исто така придонело дивото ископување на песок од реката иако веќе две години постои строга забрана за тоа.

„Поради силните дождови минатата година, реката го смени течението. Сега го подрива и патот кон Разловци“, објаснува Ѓорѓи Даневски, професор по физичко воспитување во пензија и претседател на месната заедница во Тработивиште, село со околу 700 жители, прво на кое наидувате од другата страна на мостот. „Разнишани се столбовите на мостот, но не само мостот што треба да биде реконструиран, треба да се исчисти и речното коритоЌ, додава Даневски.

„Последните неколку години има забрана за вадење песок од реката“, вели Славка Хаџисмилева, чие семејство е едно од оние што претрпеа земјоделски штети во минатогодишните поплави. „Ова се делумно полседици од непланското ископување песок што го смени течението на реката“, додава Славка.

Реконструкцијата на мостот е еден од осумте големи проекти за санација на транспортната инфраструктура кои се финансирани од Европската Унија, а се спроведуваат од страна на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во партнерство со Секретаријатот за европски прашања, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Министерството за транспорт и врски, Јавното претпријатие за државни патишта и локалните власти во погодените општини.

tekst NMakedonija

Share/Save/Bookmark

Коментирај

Коментари кои не се поврзани со текстот што е објавен, нема да се објавуваат.
Коментари кои содржат навредлива содржина по било која основа нема да се објавуваат.
Коментари кои содржат несоодветни зборови нема да се објавуваат.
Коментари кои се упатени на други коментари а се со содржина која не е поврзана со содржината на текстот на статијата нема да се објавуваат.


Последни актуелни информации

Објавено на 19 Април 2018, 14.23 од Д.Чапевски
2018-04-19-13-25-27 НВО „Регионален центар за застапување“ во партнерство со Општина Делчево ја одржа првата работилница во врска со изработката на Стратегија за соработката со граѓанскиот сектор. На работилницата...
Објавено на 19 Април 2018, 08.37 од Д.Чапевски
2018-04-19-08-27-42 Врз основа на член 50став 1 точка 9 од Законот за локална самоуправа(Службен Весник на Република Македонијабр.5/2002) и член 19-а од Законот за јавни претпријатија(Службен Весник на Република Македонија...
Објавено на 19 Април 2018, 08.37 од Д.Чапевски
2018-04-19-07-41-43 Невладиниот сектор во Делчево во партнерство на институции од надлежност на социјалната заштита и Општина Делчево, ќе го изработуваат првиот Акциски план за социјална заштита за Општина Делчево. На...
Објавено на 18 Април 2018, 14.06 од Д.Чапевски
2018-04-18-13-09-45 Општина Делчево и ЈЛБ „Илинден“ имаат чест да Ве поканат на изложбата „Ченто-биографија низ фотографија“ од историчарот Рубинчо Белчески од НУ Завод и заштита на спомениците и Музеј Прилеп, а по повод...
Објавено на 17 Април 2018, 14.53 од Д.Чапевски
2018-04-17-13-55-00 Во делчевската гимназија „М.М.Брицо“ во учебната 2018/2019 година можат да се запишат 272 ученици во 8 паралелки. Ова е предвидено врз основа на Конкурсот за запишување ученици во јавните средни...
Објавено на 16 Април 2018, 14.20 од Д.Чапевски
2018-04-16-13-24-44 Делчево викендов беше домаќин на Третото коло на Првата и Младинската бокс лига.Овој несекојдневен спортски настан во Делчево предизвика голем интерес кај публиката, а настанот беше на иницијатива на...
Објавено на 16 Април 2018, 12.36 од Д.Чапевски
2018-04-16-11-39-26 Детски играчки и школски прибор за детската градинка „Весели цветови“ денеска донираше ЈЛБ „Илинден“. Средствата за оваа донација се обезбедени од Велигденската изложба, а како што истакна директорката...
Објавено на 16 Април 2018, 12.31 од Д.Чапевски
2018-04-16-11-34-43 Делчевската гимназија „Методи Митевски Брицо“ со низа свечености го одбележа својот патронен празник. Делегација од Општина Делчево предводена од градоначалникот Горан Трајковски, претставници  од...
Објавено на 13 Април 2018, 10.49 од Д.Чапевски
2018-04-13-09-51-15 Општина Делчево ги информира граѓаните дека е зголемена опасноста од појава на шумски пожари и во соработка со Дирекцијата за заштита и спасување и согласно со Законот за заштита и спасување и Законот...
Објавено на 13 Април 2018, 10.25 од Д.Чапевски
2018-04-13-09-26-28 Женската ракометна екипа од ООУ „Ванчо Прке“ од Делчево е новиот училишен државен првак во женски ракомет. Во финалето,делчевки славеа над екипата на ООУ „Владимир Полежиноски“ од Кичево со 23:21 со што...
Објавено на 13 Април 2018, 08.16 од Д.Чапевски
2018-04-13-07-18-55 Напомена: Видеото е превземено од порталот https://delcevo365.mk
Објавено на 12 Април 2018, 14.20 од Д.Чапевски
2018-04-12-13-22-59 Градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковски, денеска присуствуваше на работната средба на градоначалници од пограничните региони на Македонија и Бугарија која се одржа во Куманово и на која се...
Објавено на 12 Април 2018, 12.32 од Д.Чапевски
2018-04-12-11-41-54 Со победа на женската ракометна екипа од ООУ„Владо Полежиноски" од Кичево  над ракометарките од ООУ „Маршал Тито" од Муртино , стартуваше државното првенство во ракомет што денеска се одржува во...
Објавено на 11 Април 2018, 11.42 од Д.Чапевски
2018-04-11-10-46-46 Делчевското основно училиште „Ванчо Прке“ ќе биде домаќин на Државното првенство во ракомет за девојки кое ќе се одржи на на 12.04.2018, четврток со почеток во 11 часот во спортската сала на СОУ„ Методи...
Објавено на 11 Април 2018, 09.21 од Д.Чапевски
2018-04-11-08-30-43 Заврши проектот „Подобри услуги за подобри луѓе“ во рамките на Програмата „Општинско- корисна работа 2017 година“ со која беа ангажирани 15 невработени лица кои опслужуваа месечно 419 крајни корисници...
Објавено на 10 Април 2018, 08.57 од Д.Чапевски
2018-04-11-08-01-49 Себаад Зекировска, ученичка во трета година во делчевската гимназија ја доби паричната награда од 10.000 денари од Општина Делчево за најдобар средношколец Ром која Општина Делчево ја доделува...
Објавено на 05 Април 2018, 21.26 од Д.Чапевски
2018-04-05-20-28-08 Во пресрет на големиот христијански празник, Велигден, кога ја славиме победата на животот над смртта, на доброто над лошто, на светлината над темнината, Ви испраќам порака да ја дочекаме веста...
Објавено на 05 Април 2018, 16.02 од Д.Чапевски
-2018 Над 2000 велигденско обоени јајца, десетици цртежи со велигденска содржина, најразлични велигденски декорации, донесе денешната „Велигденската изложба“ . Комисијата имаше тешка задача да ги одбере...
Објавено на 05 Април 2018, 15.49 од Д.Чапевски
2018-04-05-20-22-25 На овие простори отсекогаш егзистирале различности, но меѓуетничката и меѓуверската толеранција, соживотот, биле на едно високо ниво во сите сегменти на секојдневното живеење, затоа сакаме да ја...
Објавено на 04 Април 2018, 13.32 од Д.Чапевски
2018-04-04-13-11-39   Велигденско разубавување на Делчево со пролетни цвеќиња и велигденски декорации, украсни зимзелени дрва кои ќе бидат засадени во паркот кај Езерцето и новиот парк, а ќе се става во функција и...

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес10
mod_vvisit_counterВчера2080
mod_vvisit_counterОваа недела7064
mod_vvisit_counterПретходна недела7469
mod_vvisit_counterОвој месец24675
mod_vvisit_counterПретходен месец38587
mod_vvisit_counterВкупно1918572

Присутни online: 17
Ваша IP: 54.198.122.70
,
Денес: Апр 20, 2018