Среда, 11 Мај 2016 12:18
Територијалната противпожарна единица од Делчево денес во склоп на своите годишни активности за редовни обуки и подготовки за вонредни ситуации изврши вежба „Евакуација на ученици и вработени во гимназијата М.М.Брицо“. Целата акција започна во 11.30 часот по дојава за пожар на тел. број 193 во зградата на гимназијата, како и пријавени повредени ученици на телефон 194 –Итната медицинска помош.
По овие дојави веднаш беше извршена евакуација на вработените и учениците по што на лице место пристигнаа екипите на ТППЕ Делчево кои пристапија кон лоцирање и гасење на пожарот како и евакуација надвор од зградата на повредените ученици. Во дворот на училиштето на повредените им беше пружена прва помош , а веднаш потоа по пристигањето на итната медицинска помош се транспортирани во ЈЗУ „Гоце Делчев“.
Коментари кои содржат навредлива содржина по било која основа нема да се објавуваат.
Коментари кои содржат несоодветни зборови нема да се објавуваат.
Коментари кои се упатени на други коментари а се со содржина која не е поврзана со содржината на текстот на статијата нема да се објавуваат.