Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности

 DSC0052_resize

Успешно завршен проектот насловен „Социјална кохезија преку воспоставување на активности во центри по интереси“  кој се реализираше  во период од  22 месеци во СОУ„М.М. Брицо“.

Со почеток во 13:00 часот во гиманзијата М.М. Брицо се одржа завршен настан од проектот за прекугранична соработка од чија реализација гимназијата доби целосно изградени 6 нови училници и едносменско работење.

Пред присутните гости од меѓу кои градоначалникот Дарко Шехтански, колегите од град Благоевград, Р.Бугарија  како и исте оние кои на некаков начин допринеле за иститот да се реализира, директорката Билјана Петровска на кратко во своето излагање го обајсни целиот процес за реализација на овој проект, самите почетоци, предизвиците со кои се соочиле тимовите кои работеле на истиот.

Во склоп на „меките мерки“ од самиот проект  формирани се клубови за воннаставни активности преку кои се спроведува социјалната кохезија. По желба на самите ученици формирани се клубови по претприемништво, спорт, странски јазици и новинарство, екологија, информатичка технологија, музика и ликовна уметност.

Социјална кохезија се одвиваше и меѓу воспитно образовниот кадар од двете училишта преку обуки спроведени во Делчево и Благоевград на теми „Професионална ориентација“ и преку размената на искуства на раководителите на клубовите и презентирањето на нивните воннаставни активности.

 DSC0054_1_resize  DSC0058_resize

 DSC0057_resize

 DSC0060_resize

Share/Save/Bookmark