Среда, 06 Јули 2016 12:58
Во изминатиов период со взаимна соработка на Општина Делчево и Владата на Р.Македонија, преку Програмата – Подршка на имплементација на Декадата и стратегијата за ромите во населбата Стар Расадник беше изградена пристапна улица – крак од улицата Видое Смилевски – Бато.
Пред почетокот на изградбата на оваа пристапна улица во должина од седумдесетина метри целосно беше решен и проблемот со фекалната канализација, односно беа поставени исто околу седумдесетина метри полиетиленски канализациони цевки со сите пропратни елементи. Поради наклонот кој го има самата патека предвидено е и поставување на ограда кој ќе го олесни движењето на жителите кои секојдневно гравитираат во овој дел од градот.
Како што истакнаа градоначалникот Дарко Шехтански и министерот Неждет Мустафа којшто е и национален координатор на Декадата за вклучување на Ромите и на Националната стратегијата за Ромите, со овој проект значително се подобруваат условите за живот на ромите кои што живеат во овој дел од градот.
Предходно преку истата оваа соработка беше изграден и крак од улицата Илинденска , во населбата Маџир маало на границата со Урбаната заедница Втори реон.
Коментари кои содржат навредлива содржина по било која основа нема да се објавуваат.
Коментари кои содржат несоодветни зборови нема да се објавуваат.
Коментари кои се упатени на други коментари а се со содржина која не е поврзана со содржината на текстот на статијата нема да се објавуваат.