Postapki i_proceduri Gradezni dozvoli 

Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности

okr1 okr1 1

Врз основа на Договорот за соработка помеѓу Агенцијата за вработување на РМ (АВРМ), Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП)  и општина Делчево, Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2016, Програмата Општинско – корисна работа, општина Делчево и Агенцијата за вработување на Република Македонија на ден 08.08.2016година објавуваат:

 

Ј  А  В  Е  Н     О  Г  Л  А  С

до

евидентирани невработени лица за вклучување во

Програмата Општинско - корисна работа

 

Се повикуваат сите евидентираните невработени лица кои се заинтересирани да се вклучат во програмата Општинско-корисна работа, проект  “Локалните институции заеднички до подобри услуги за граѓаните”  за работно ангажирање со скратено работно време за период од 6 (шест) месеци заради стекнување на вештини и постепено вклучување на пазарот на труд, да се пријават во Агенција за вработување- Центар за вработување  Делчево.

Евидентираните невработени лица кои ќе бидат вклучени во Програмата „Општинско-корисна работа“ ќе бидат работно ангажирани со скратено работно време со 20 (дваесет) работни часови неделно, при што за време на работниот ангажман од 6 (шест) месеци статусот на невработените лица  останува непроменет, а на невработените лица-корисници на социјална помош за времетраење на работниот ангажман ќе им биде активно правото на користење на социјална помош.

За кандидатите  кои ќе бидат избрани и вклучени во Програмата Општинско-корисна работа се предвидува паричен надоместок во висина од 6.200,00 денари, што вклучува персонален данок на доход и осигурување од случај на несреќа при работа и професионално заболување.

 Евидентираните невработени лица кои ќе се пријават за учество во Програмата Општинско-корисна работа треба да припаѓаат на една од следните целни групи невработени лица:

  •  -млади лица до 29 години со ниски квалификации;
  •  -Роми;
  • -невработени лица евидентирани во АВРМ најмалку 1 година;
  • -млади невработени лица евидентирани во АВРМ најмалку 6 месеци;

 Работните позиции кои се опфатени со овој оглас се однесуваат на ангажирање на девет(9) лица извшители за следните работни позиции:

  • -Негователка за ангажирање на стари и изнемоштени лица- извршители пет(5) лица - Потребни квалификации: ССП(средна стручна подготовка),комуникативни вештини;
  • -Негователка за деца –извршители едно(1) лице во ОЈУДГ“Весели Цветови“Делчево - Потребни квалификации: ССП(средна стручна подготовка),комуникативни вештини;
  • -Помошник готвач- извршители едно(1) лице во ОЈУДГ“Весели Цветови“Делчево - Потребни квалификации:Основно образование или ССП(средна стручна подготовка),комуникациски вештини;
  • -Дефектолог-извршители(1)лице во Дневен Центар за лица со умерени,тешки и комбинирани пречки во психофизичкиот развој при ЈУМеѓуопштински Центар за социјални работи-град Делчево - Посебни квалификации:ВСС(Висока стручна спрема),Дипломиран дефектолог;
  • -Физиотерапевт-извршители(1) лице во Дневен Центар за лица со умерени,тешки и комбинирани пречки во психофизичкиот развој при ЈУМеѓуопштински Центар за социјални работи-град Делчево - Посебни квалификации:ССП(средна стручна подготовка) со завршен курс за физиотерапевт или ВСС(висока стручна спрема),Дипломиран физиотерапевт;

 

Заинтресираните невработени лица  Пријави за учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да подигнат и поднесат во Агенција за вработување- Центар за вработување Делчево во периодот од 08.08.2016 година до 19.08.2016 година или десет(10) работни дена.

 Поконкретните услови, права и обврски ќе бидат уредени со склучување на Договор помеѓу општина Делчево и избраните кандидати.

 Детални информации за Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да се добијат во општина Делчево кај лицето Џулиета Мемедова, Општински координатор за Програмата „Општинско-корисна работа“, Агенција за вработување- Центар за вработување-Делчево  кај лицето Билјана Прачкоска,  Центар за социјлна работа Делчево кај лицето Александар Николовски. 

Share/Save/Bookmark

Коментирај

Коментари кои не се поврзани со текстот што е објавен, нема да се објавуваат.
Коментари кои содржат навредлива содржина по било која основа нема да се објавуваат.
Коментари кои содржат несоодветни зборови нема да се објавуваат.
Коментари кои се упатени на други коментари а се со содржина која не е поврзана со содржината на текстот на статијата нема да се објавуваат.


Последни актуелни информации

Објавено на 05 Јануари 2018, 12.40 од Д.Чапевски
2018-01-05-11-44-48 По објавените Јавни конкусри за доделување на стипендии на редовни студенти кои студираат на државните универзитети како и ученички стпиендии на редовни ученици кои учат во СОУ„М.М. Брицо“ Делчево денес...
Објавено на 03 Јануари 2018, 15.28 од Д.Чапевски
2018-01-03-14-32-37 Врз основа на член 35 став 3 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл.Весник на РМ бр. 199/2014, 44/2015,193/15, 31/16,163/16),член 50 точка 4 од Законот за локална самоуправа ("Сл.весник на...
Објавено на 02 Јануари 2018, 12.20 од Д.Чапевски
2018-01-02-11-24-13 СООПШТЕНИЕ Советот на Општина Делчево донесе одлука за изготвување  на листа на имиња на улици, плоштади, мостови и на други инфраструктурни објекти на подрачјето на oпштина Делчево . Според...
Објавено на 29 Декември 2017, 09.37 од Д.Чапевски
2017-12-29-08-39-06 Почитувани сограѓани Пристигна и овој дел од годината кога семејствата се собираат заедно за да ги прослават празниците. Пред нас се предизвици коишто мора да ги надминеме и да научиме нови лекции во...
Објавено на 29 Декември 2017, 09.28 од Д.Чапевски
-3------ Во среда на 27.12.2017 година со почеток во 14:00 часот во ООУ „Ванчо Прке“ се одржа третата седница на Советот на Општина Делчево. Откако беше усвоен Записникот од втората седница на дневен ред беа...
Објавено на 28 Декември 2017, 14.54 од Д.Чапевски
2017-12-28-14-06-02 Одделението за превенција, заштита и спасување при Општина Делчево ги известува граѓаните дека по повод новогодишните празници строго е забранета со Закон употребата на пиротехнички средства, петарди,...
Објавено на 28 Декември 2017, 12.54 од Д.Чапевски
2017-12-28-12-04-54   Во изминативе два дена градоначалникот Горан Трајковски присуствуваше на новогодишните забави приредени во детската градинка „Весели Цветови“ и Дневниот центар во Делчево. Секако и оваа година...
Објавено на 27 Декември 2017, 12.26 од Д.Чапевски
2017-12-27-11-29-28 Со почеток во 11:00 часот во Дневниот центар – Делчево се организираше предновогодишна забава од страна на корисниците на дневниот центар. На настанот присуствуваа гости од ЕЛС Делчево и градоначалникот...
Објавено на 26 Декември 2017, 15.16 од Д.Чапевски
2017-12-26-14-18-42 По повод Новогодишните и Божиќните празници Општина Делчево и оваа година изврши новогодишно украсување на градот на повеќе локации на јавни површини и објекти во централното градско подрачје. Апелираме...
Објавено на 26 Декември 2017, 09.43 од Д.Чапевски
2017-12-26-08-53-04 Учениците од шесто до деветто одделение од ООУ „Ванчо Прке“ Делчево денес, 26.12.2017 година беа во посета на Општина Делчево. Тие традиционално веќе неколку години по ред на Градоначалникот и...
Објавено на 25 Декември 2017, 15.05 од Д.Чапевски
2017-12-25-14-20-01 По повод новогодишните празници кои претсотјат, градоначалникот Горан Трајковски ги посети најмалите – дечињата од детската градинка „Весели Цветови“ Делчево. Тој на сите дечиња во придружба на дедо...
Објавено на 20 Декември 2017, 14.28 од Д.Чапевски
2017-12-21-13-35-32 Третата седница на Советот на Општина Делчево ќе се одржи на 27.12.2017 (среда) во ООУ „Ванчо Прке“ со почеток во 14.00 часот.           За седницата е...
Објавено на 14 Декември 2017, 12.52 од Д.Чапевски
2017-12-14-11-56-20 Општина Делчево апелира до сите граѓани, правни и физички лица и субјекти, како и текстилни фабрики, кои располагаат  и употребуваат  текстилен, пластичен, гумиран отпад и незаконски го...
Објавено на 07 Декември 2017, 12.41 од Д.Чапевски
2017-12-07-11-55-41 Одделението за превенција, заштита и спасување при Општина Делчево ги известува жителите дека со отпочнувањето на грејната сезона се должни да извршат проверка и чистење на оџаците од системите за...
Објавено на 05 Декември 2017, 14.03 од Д.Чапевски
2017-12-05-13-05-39 Денес, 05.12.2017 година со почеток во 12:00 часот Градоначалникот Горан Трајковски реализираше средба со Текстилното Трговско Здружение – Текстилен Кластер и сопствениците на 7 текстилни компании од...
Објавено на 04 Декември 2017, 13.03 од Д.Чапевски
2017-12-04-12-06-02 Со стапувањето на функција на новиот Градоначалник на општина Делчево, г-динот Горан Трајковски започна со остварување на сопствената програма и визија за работа и развој на општинската администрација...
Објавено на 04 Декември 2017, 11.49 од Д.Чапевски
2017-12-04-10-57-08 Денес со почеток во 10:00 часот градоначалникот Горан Трајковски во својот кабинет приреди свечен коктел на кој присуствуваа лицата со посебни потреби од Дневниот центар во Делчево. Овој коктел се...
Објавено на 04 Декември 2017, 10.04 од Д.Чапевски
2017-12-04-09-07-12  Со почеток во 14:00 часот во ООУ „Ванчо Прке“ Делчево, Советот на Општина Делчево ја одржа втората седница. За седницата беа предложени 13 точки на дневен ред, а во тек на седницата беше дополнет...
Објавено на 01 Декември 2017, 12.24 од Д.Чапевски
2017-12-01-11-24-46 3-ти Декември се одбележува како Меѓународен ден на лицата со посебни потреби. Овој ден е посебно акцентиран на потребите и проблемите кои ги имаат и со кои се соочуваат лицата со посебни потреби. ...
Објавено на 27 Ноември 2017, 11.52 од Д.Чапевски
2017-11-27-11-01-38 Градоначалниците од Бугарија и Македонија се собраа во Ќустендил на тркалезната маса на тема „Бугарско-македонски односи: приоритети, заеднички перспективи и предизвици“. Состанокот го организираа...

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес1134
mod_vvisit_counterВчера1159
mod_vvisit_counterОваа недела4702
mod_vvisit_counterПретходна недела7739
mod_vvisit_counterОвој месец21447
mod_vvisit_counterПретходен месец40452
mod_vvisit_counterВкупно1800817

Присутни online: 13
Ваша IP: 54.227.6.156
,
Денес: Јан 18, 2018

Интерактивни мапи

Плански региони во Р.М.