Известување за организирање Јавен увид и Јавна расправа по Извештајот за стратегиска оцена на животната средина за стратегија за климатски промени за Општина Делчево



Вторник, 20 Декември 2016 11:42
Врз основа на член 4 од уредбата за учество на јавноста во текот на изработката на прописи и други акти, како и планови и програми од областа на животната средина („Службен весник на Република Македонија“ бр. 147/08, 45/11), градоначалникот на Општина Делчево, го објавува следното известување:
За организирање Јавен увид и Јавна расправа по Извештајот за стратегиска оцена на животната средина за стратегија за климатски промени за Општина Делчево
- Извештајот за Стратегиска оцена на животната средина за стратегија за климатски промени за Општина Делчево, е ставен на Јавен увид на нашата веб страна во периодот од 01.12.2016 до 31.12.2016 година од каде може да се превземе, а може да се разгледа како и во просториите на Општина Делчево секој работен ден од 07:30 до 15:00 часот.
Општина Делчево ја информира засегнатата јавност дека во текот на 30 дена од денот на објавувањето на горенаведениот документ, може да се доставува мислење по истиот, по електронски пат на e-mail: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите , по пошта или преку архивата на Општина Делчево.
Се известуваат граѓаните и правните лица на Општина Делчево дека ЈАВНАТА РАСПРАВА ќе се одржи на ден 22.12.2016 година со почеток во 12.30часот во просториите на ООУ Ванчо Прке.
Коментари кои содржат навредлива содржина по било која основа нема да се објавуваат.
Коментари кои содржат несоодветни зборови нема да се објавуваат.
Коментари кои се упатени на други коментари а се со содржина која не е поврзана со содржината на текстот на статијата нема да се објавуваат.