Postapki i_proceduri Gradezni dozvoli 

Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности

Врз основа на членовите 18,19 и 20 од Законот за превоз во патниот сообраќај (Службен весник на Република Македонија број 68/2004, 127/06, 114/09, 83/10, 140/10, 17/11, 53/11, 06/12, 23/13, 120/13, 163/13, 187/13, 42/14, 112/14, 166/14, 97/15, 124/15, 129/15, 193/15, 37/2016 и 71/16) и член 3, 4, 5, 6 и 7 од Одлуката за уредување на превозот во патниот сообраќај на подрачјето на општина Делчево број 07-296/1 од 02.02.2012 година, член 1 од Одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за уредување на превозот во патниот сообраќај на подрачјето на општина Делчево број 07-2328/1 од 27.09.2012 година и член 1, 2, 3, 4, 5, 6 и 7 од Одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за уредување на превозот во патниот сообраќај на подрачјето на општина Делчево бр.09-241/1 од 22.02.2017 година, Општина Делчево распишува оглас за доделување линии за вршење на општински линиски превоз на патници на подрачјето на општина Делчево на следните релации:

ЛИНИЈА БР.1: ДЕЛЧЕВО-с.ГАБРОВО
ЛИНИЈА БР.2: ДЕЛЧЕВО-с.ЅВЕГОР
ЛИНИЈА БР.3: ДЕЛЧЕВО-с.СТАМЕР
ЛИНИЈА БР.4: ДЕЛЧЕВО-с.ГРАД
ЛИНИЈА БР.5: ДЕЛЧЕВО-с.ВИРЧЕ
ЛИНИЈА БР.6: ДЕЛЧЕВО-с.ТРАБОТИВИШТЕ
ЛИНИЈА БР.7: ДЕЛЧЕВО-с.СТАР ИСТЕВНИК-с.НОВ ИСТЕВНИК
ЛИНИЈА БР.8: ДЕЛЧЕВО-с.РАЗЛОВЦИ
ЛИНИЈА БР.9: ДЕЛЧЕВО-ГОЛАК (сабота и недела)
ЛИНИЈА БР.10: ДЕЛЧЕВО-с.БИГЛА-с.ИЛИОВО-с.ТУРИЈА
ЛИНИЈА БР.11: ДЕЛЧЕВО-с.ОЧИПАЛА-с.ДРАМЧЕ
ЛИНИЈА БР.12: ДЕЛЧЕВО-с.ВЕТРЕН-с.КИСЕЛИЦА
ЛИНИЈА БР.13: ДЕЛЧЕВО-ГРАНИЧЕН ПРЕМИН „ДЕЛЧЕВО“

Превозот на горенаведените линии ќе се врши со патнички моторни возила минимум (8+1) седиште. Линиите се одржуваат секој ден со најмалку две тргнувања кои се одредуваат со возен ред. На одредени релации превозот може да се врши и во одредени денови во неделата (зависно од потребите на жителите на неселените места), а деновите ќе се определат со предложениот возен ред.

Возниот ред го предлага превозникот при што е должен да ги има во предвид барањата и потребите на граѓаните, месните заедници, претпријатијата и други органи. Тарифата за превозот е определена од Советот на општина Делчево.

На огласот можат да аплицираат превозниците кои имаат добиено лиценца за вршење на општински линиски превоз на патници од Општина Делчево.

Рок за поднесување на барањата за добивање на нови линии за вршење на општински линиски превоз на патници е 30 дена од денот на објавување на огласната табла во просториите на Општина Делчево.

Потребна документација:

  1. копија од лиценца за вршење на општиски линиски превоз на патници за подрачјето на општина Делчево;
  2. список на возила регистрирани на име на фирмата (фотокопија од сообраќајните дозволи за секое возило одделно, односно фотокопија од Договорот за лизинг и од сообраќајната дозвола за возилата што ги користи по договор за лизинг од овластен дистрибутер);
  3. копија од извод од лиценца за возилата за вршење на линиски општински превоз на патници;
  4. број на возачи во редовен работен однос; и
  5. предлог возен ред изготвен за линијата за која аплицира (доколку превозникот аплицира за повеќе линии треба да достави предлог возен ред за тие линии);

Превозниците кои сакаат да извршат промена на возниот ред на одобрена линија за општински линиски превоз на патници исто така ја поднесуваат наведената документација со предлог нов возен ред.

Постапката за доделување на нови линии за вршење на општински линиски превоз на патници и за промена на одобрени линии за вршење на општински линиски превоз на патници на подрачјето на општина Делчево ја спроведува Комисија формирана од градоначалникот на Општина Делчево.

Заинтересираните превозници потребната документација да ја достават до ЕЛС Делчево – Едношалтерски систем на ЕЛС Делчево, со потврден прием во архивата со назнака „Пријава за оглас за доделување на линии за вршење на општински линиски превоз на патници“.



ОПШТИНА ДЕЛЧЕВО
Градоначалник
Дарко Шехтански

Oglas LiniiPrevoz_1_2017

Oglas LiniiPrevoz_2_2017

Share/Save/Bookmark

Коментирај

Коментари кои не се поврзани со текстот што е објавен, нема да се објавуваат.
Коментари кои содржат навредлива содржина по било која основа нема да се објавуваат.
Коментари кои содржат несоодветни зборови нема да се објавуваат.
Коментари кои се упатени на други коментари а се со содржина која не е поврзана со содржината на текстот на статијата нема да се објавуваат.


Последни актуелни информации

Објавено на 17 Август 2017, 10.51 од Д.Чапевски
2017-08-17-09-56-34 Врз основа на член 35 став 3 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл.Весник на РМ бр. 199/2014, 44/2015,193/15, 31/16,163/16),член 50 точка 4 од Законот за локална самоуправа ("Сл.весник на...
Објавено на 27 Јули 2017, 13.53 од Д.Чапевски
----50------ Ве известуваме дека 50 седница на Советот на Општина Делчево која првично беше закажана за 12.05.2017 година, ќе се одржи на 28.07.2017 година (петок) во фоајето на Спомен домот АСНОМ, со почеток во...
Објавено на 21 Јули 2017, 10.39 од Д.Чапевски
10- Матурантите кои на 19.07.2017 година заминаа на заслуженото наградно патување кое го добија како награда од Општина Делчево за постигнатите успеси во рамки на нивното четиригодишно образование во...
Објавено на 20 Јули 2017, 14.53 од Д.Чапевски
2017-07-21-07-02-08 На барање на жителите од УЗ Милково Брдо, поточно жители на ул. Пере Тошев се пристапи кон партерно уредување на јавна површина во овој дел од градот. Уредена е јавна површина со изградба на три пешачки...
Објавено на 19 Јули 2017, 06.37 од Д.Чапевски
2017-07-18-13-51-04 Во раните утрински часови, денес 19.07.2017 година десетте најдобри ученици од IV година за учебната 2016/2017 заминаа на заслуженото наградно  патување низ неколку европски дестинации. Наградното...
Објавено на 17 Јули 2017, 14.24 од Д.Чапевски
-19072017 Општина Делчево ги известува граѓаните дека ноќта на 18 јули спрема 19 јули 2017 година, со почеток во 24:00 часот , стручни екипи од ЈЗУ,,Центар за јавно здравје,, Скопје ќе извршат теристичка(од...
Објавено на 14 Јули 2017, 08.44 од Д.Чапевски
2017-07-14-07-51-51 Врз основа на членовите 18,19 и 20 од Законот за превоз во патниот сообраќај (Службен весник на Република Македонија број 68/2004, 127/06, 114/09, 83/10, 140/10, 17/11, 53/11, 06/12, 23/13, 120/13,...
Објавено на 12 Јули 2017, 14.55 од Д.Чапевски
2017-07-12-14-03-41 рз основа на член 23 од Законот за јавните претпријатија(Службен Весник на Република Македонија бр.38/96......39/2016),член 19-а од Законот за именување и дополнување на Законот за јавните претпријатија...
Објавено на 08 Јули 2017, 18.55 од Д.Чапевски
2017-07-10-11-06-23  Денес (Сабота 08.07.2017 година) започнавме со асфалтирање на локален пат во село Драмче. Оваа завршна фаза за реконструкцијата на оваа значајна локална сообраќајница следува по започнатата...
Објавено на 07 Јули 2017, 11.20 од Д.Чапевски
2017-07-10-10-29-56 Како што најавивме пред неколку дена, еве денес (07.07.2017год.) се дојде и до финалната фаза од реконструкцијата на ул. Кеј на Брегалница. Во тек се градежни активности за поставување на нов...
Објавено на 05 Јули 2017, 08.32 од Д.Чапевски
-022017-23062017-            Врз основа на член 50 став 1 точка 16 од Законот за локалната самоуправа(Службен Весник на Република Македонија бр.5/2002),член 52  став 1 од Законот за...
Објавено на 04 Јули 2017, 14.39 од Д.Чапевски
2017-07-06-09-43-03 Поради изразито лошата состојба на ул. Кеј на Брегалница, на барање на жителите кои гравитираат во овој дел од градот се започна со реконструкција на оваа улица. Изминатите неколку денови се работеше на...
Објавено на 19 Јуни 2017, 13.16 од Д.Чапевски
-012017-07062017- Врз основа на член 50 став 1 точка 16 од Законот за локалната самоуправа(Службен Весник на Република Македонија бр.5/2002),член 52  став 1 од Законот за административните службеници (Службен Весник...
Објавено на 09 Јуни 2017, 00.00 од Д.Чапевски
2017-06-22-13-39-39  По реконструкцијата со нов асфалт во должина од околу 240 метри на крак од улица М.М. Брицо кој се протега помеѓу старото собрание на Општина Делчево и ЈЗУ Здравствен дом "Гоце Делчев" Делчево...
Објавено на 08 Јуни 2017, 13.00 од Д.Чапевски
2017-06-08-12-09-10  Националната установа за народни игри и песни ансамбл “Танец” во рамки на годишата програма за културни настани и учество на културни манифестации вчера, 07.06.2017 година настапи на летната сцена...
Објавено на 05 Јуни 2017, 14.29 од Д.Чапевски
------2016 Во рамки на програмата општинско – корисна работа 2016 која се имплементираше од страна на Општина Делчево во соработка со АВРМ и МТСП финансиски подржана од УНДП во период од септември 2016 до март...
Објавено на 05 Јуни 2017, 11.36 од Д.Чапевски
-e- Министерството за животна средина и просторно планирање ја известува заинтересираната јавност дека во рамките на ИПА проектот: “Изработка на проектни студии (Студија за изводливост, Оцена на влијание...
Објавено на 24 Мај 2017, 11.32 од Д.Чапевски
2017-05-25-10-47-15  Денес , 24.05.2017 година,  Делчево го празнува својот патрон празник- Денот на сесловенските просветители светите браќа Кирил и Методиј. Настанот за одбележување на патрониот празник...
Објавено на 19 Мај 2017, 20.37 од Д.Чапевски
-20162017------- 19.05.2017 година, матурантите од четврта година при СОУ „М.М. Брицо“ со целодневна забава и дружење ја прославија својата матура, а воедно и влегувањето во светот на возрасните. Целодневната прослава...
Објавено на 19 Мај 2017, 00.00 од Д.Чапевски
-20-   Во петок (19.05.2017 година) во просториите на ТППЕ Делчево се одржа пригодна прослава по повод  „Светскиот ден на пожарникарите“. И годинава  на предлог на командирот на ТППЕ Делчево...

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес1042
mod_vvisit_counterВчера1047
mod_vvisit_counterОваа недела3858
mod_vvisit_counterПретходна недела5987
mod_vvisit_counterОвој месец14775
mod_vvisit_counterПретходен месец37200
mod_vvisit_counterВкупно1641681

Присутни online: 12
Ваша IP: 23.20.166.142
,
Денес: Авг 17, 2017

Интерактивни мапи

Плански региони во Р.М.