Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности

InternationalDayPeopleWithDisability

3-ти Декември се одбележува како Меѓународен ден на лицата со посебни потреби. Овој ден е посебно акцентиран на потребите и проблемите кои ги имаат и со кои се соочуваат лицата со посебни потреби.  По тој повод градоначалникот на Општина Делчево , Горан Трајковски приредува свечен коктел за лицата со посебни потреби од Дневниот центар во Делчево. Коктелот ќе се одржи со почеток во 9.30 часот во кабинетот на Градоначалникот.

- Овие луѓе, како во целиот свет, така и во Македонија, секојдневно се соочуваат со бариери кои го попречуваат нивното учество во општествениот живот и не ретко тие лица живеат во сиромаштија и на маргините на општеството. Често пати општеството овие луѓе ги игнорира и ги става во нееднаква положба во однос на останатите граѓани, односно ги дискриминира и обесправува.

Затоа во Македонија е донесен Закон за спречување и заштита од дискриминација и ги охрабруваат сите лица со посебни потреби кои сметаат дека се дискриминирани, да се обратат до Комисијата.

Share/Save/Bookmark