Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности

DSC 0003_resize

Денес со почеток во 10:00 часот градоначалникот Горан Трајковски во својот кабинет приреди свечен коктел на кој присуствуваа лицата со посебни потреби од Дневниот центар во Делчево. Овој коктел се организираше по повод 3 декември кој  насекаде во светот се одбележува како Меѓународен ден на лицата со посебни потреби. Градоначалникот Трајковски ги поздрави гостите им посака добредојде се заблагодари за подароците кои му ги донесоа, а кои се нивна рачна изработка и посочи дека не треба само на овој ден да се обрнува внимание на лицата со посебни потреби, туку треба секојдневно да им се пружа подршка во справувањето со проблемите со кои тие секојдневно се соочуваат.

Воедно градоначалникот им соопшти на присутните дека општината работи на проект со кој ќе се обезбеди олеснет пристап до зградата на локалната самоуправа за лицата со инвалидност со што ќе се овозможи олеснување на постапките за остварување на нивните права и обврски кои што ги имаат во ЕЛС Делчево.

На крајот од коктелот Градоначалникот Трајковски им подели подароци на гостите и им посака почесто да се среќаваат и да разменуваат знаења и искуства и посочи дека Општина Делчево им стои на располагање секогаш кога им е потребна помош во решавањето на секојдневните проблеми.

DSC 0004_resize

DSC 0006_resize

DSC 0009_resize

DSC 0010_resize

Share/Save/Bookmark