Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности

Со стапувањето на функција на новиот Градоначалник на општина Делчево, г-динот Горан Трајковски започна со остварување на сопствената програма и визија за работа и развој на општинската администрација во Делчево.

Како едно од клучните полиња на организациска поставеност и секојдневно функционирање, Градоначалникот определи термини за максимална отвореност за комуникација со граѓаните, на неделно ниво, кои што во иднина ќе се практикуваат, со цел за што поблиска комуникација и соработка на ЕЛС Делчево и Градоначалникот директно со самите граѓани на општината како и други заинтересирани страни.

Сите одделенија при општинската администрација постојано се отворени за комуникација со граѓаните, се со цел за директно и поажурно исполнување на функциите на самото одделение како обврска и вистински сервис за граѓаните. Назначените лица од сите одделенија при ЕЛС Делчево имаат директна обврска да ги сослушаат граѓаните и во рамки на своите овластувања и надлежности да постапат во насока за решавање на предметите на граѓаните во најкус можен рок, согласно пропишаната позитивна законска регулатива.

Градоначалникот Трајковски како свој приемен термин го има одредено секој работен Четврток од 10.00 до 13 часот, во кој временски интервал секој граѓанин ќе може лично да поразговара со Градоначалникот во насока на остварување на сопствените права, но и свој личен допринос кон работата на локалната самоуправа преку изнесување на свои предлози и идеи за поуспешно справување со актуелни предизвици на локално ниво.

Закажување за прием кај градоначалникот секој граѓанин може да направи на портирата при Општина Делчево, во Спомен домот АСНОМ, секој работен ден од 08.00 до 16.00 часот, каде на секоја странка ќе му биде определен точен термин, кога ќе може да одржи состанок со Градоначалникот.

Од страна на Општина Делчево ги охрабруваме сите граѓани за што помасовно искористување на наведените термини се со цел за што поголемо учество на самите граѓани во работата на општинската администрација, како за ажурно и навремено разрешување на определени лични предизвици, од надлежност на локалната самоуправа, така и во насока на иницирање и предлагање на нови идеи и визии за работата на службите при општината.

Share/Save/Bookmark