Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности

Општина Делчево апелира до сите граѓани, правни и физички лица и субјекти, како и текстилни фабрики, кои располагаат  и употребуваат  текстилен, пластичен, гумиран отпад и незаконски го дистрибуираат или користат во грејните тела за затоплување, дека нивото на загаденост на воздухот на територијата на Општината е крајно алармантно и штетно по животот и здравјето на граѓаните.
Апелираме, сите наведени субјекти и граѓани веднаш да престанат со користење на напред споменатите штетни материјали за греење. Во тој контекст Ве известуваме дека надлежните Служби веќе се на терен и доколку се констстираат наведените противзаконски дејствија штетни по квалитетот на воздухот и животот и здравјето на граѓаните, против истите ќе бидат правземени сите расположливи законски мерки.

Share/Save/Bookmark