Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности

Третата седница на Советот на Општина Делчево ќе се одржи на 27.12.2017 (среда) во ООУ „Ванчо Прке“ со почеток во 14.00 часот.

          За седницата е предложен следниот

Дневен ред

-Усвојување на Записникот од Втората седница

 

1.Квартален извештај за извршувањето на Буџетот на Општина Делчево за квартал 3 со Заклучок за усвојување;
2.Предлог-Буџет на Општина Делчево за 2018 година;
3.Предлог-Одлука за извршување на Буџетот на Општина Делчево за 2018 година;
4.Буџетски календар;
5.Предлог-одлука за утврдување на вредност на бодот за платите на државните службеници за 2018 година;

Образлагач: По точките од 1 до 5- Анка Христова Раководител на Одделението за финансирање и буџет.

6.Предлог-Одлука за одвојување на средства за финансиско учество на општина Делчево во имплементација на проекти од регионално значење;
7.Одлука за пристапување на Општина Делчево како соосновач на Здружение за рурален развој Локална Акциона Група „Малеш – Пијанец“;

Образлагач: По точките 6 и 7 Тони Стоименовски-Советник за поддршка на ЛЕР.

8.Програма за работа на Советот на Општина Делчево за 2018 година;

Образлагач: Драган Маневски-Претседател на Советот на Општина Делчево.

9.Предлог-Одлука за формирање на Комисија за именување на улици, плоштади, мостови и други инфраструктурни објекти на подрачјето на општина Делчево;

Образлагач: Маја Стоименовска-Самостоен референт за работа со ГИС.

10. Предлог-Одлука за вклопување на бесправно изграден објект, станбена куќа во урбанистичко планска документација на Дејанчо Величков, с. Вирче;

11. Предлог-Одлука за вклопување на бесправно изграден објект,помошен објект во урбанистичко планска документација на Ванчо Џаџовски, с. Тработивиште;

12.Предлог-Одлука за утврдување на Нацрт Детален урбанистички план (ДУП) Лесна индустрија и сервиси м.в. „Стар Монопол“ за дел од УБ 2,6 во УЕ 2, Општина Делчево;

Образлагач: Горан Петровски-Раководител на Одделението за урбанизам, уредување на градежно земјиште и заштита на животна средина.

13. Предлог-Решение за избор на командир на Полициска станица од општа надлежност-Делчево.

Образлагач: Драган Маневски-Претседател на Советот на Општина Делчево

14. Годишен извештај за работата на ЈЛБ „Илинден“ Делчево за 2017 година со Заклучок за усвојување;

15. Годишна програма за работа на ЈЛБ „Илинден“-Делчево за 2018 година со Заклучок за усвојување.

Образлагач: По точките 14 и 15-Анита Петровска- Директор на ЈЛБ „Илинден“-Делчево.

16. Предлог-Прогрма за уредување на градежно земјиште на подрачјето на Општина Делчево за 2018 година;

17. Предлог-Програма за изградба, реконструкција, одржување и заштита на општинските патишта и улици во општина Делчево за 2018 година;

Образлагач: Звонко Атанасов-Советник за уредување на градежно земјиште и заштита на животна средина.

18. Прашања и предлози на членови на Совет.

II

Присуството на членовите на Советот на Општина Делчево е задолжително, а секое отсуство потребно е да се пријави кај Претседателот на Советот на Општина Делчево.

  

Број 09-1631/1
20.12. 2017 година
Д е л ч е в о

СОВЕТ НА ОПШТИНА ДЕЛЧЕВО
Претседател,
 Драган Маневски

Share/Save/Bookmark