Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности

DSC 00022_resize

Учениците од шесто до деветто одделение од ООУ „Ванчо Прке“ Делчево денес, 26.12.2017 година беа во посета на Општина Делчево. Тие традиционално веќе неколку години по ред на Градоначалникот и вработените им приредуваат оригинални изненадувања под формата на рачно изработени новогодишни украси по повод божиќните и новогодишните празници.

Имено, учениците под менторство на проф. Антонела Манева и со придружба на Маријана Стоименовска во текот на наставните часови по ликовно образование, изработиле новогодишни украси исклучиво од природни материјали. Тие своите креации кои секоја на свој начин ја симболизира новата година ги подарија на вработените и Градоначалникот Горан Трајковски кој видно изненаден од неочекуваната посета од страна на овие дечиња ги прими во својот Кабинет, при што дечињата накратко поразгоравараа со градоначалникот и ја искористија можноста да му ги честитаат престојните божиќни и новогодишни празници.

Градоначалникот Горан Трајковски им посака многу здравје, среќа и голем успех во образованието, со желба во иднина некој од нив по завршувањето на образованието да стане градоначалник на Делчево.

DSC 0001_resize

DSC 0005_resize DSC 0006_resize

DSC 0007_resize

DSC 0009_resize

 

Share/Save/Bookmark