Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности

По повод Новогодишните и Божиќните празници Општина Делчево и оваа година изврши новогодишно украсување на градот на повеќе локации на јавни површини и објекти во централното градско подрачје. Апелираме кон сите граѓани на нашата општина да не ги уништуваат новогодишните светилки и реквизити кои се поставени, бидејќи со тоа уништуваат јавни добра купени со Буџетски сретства на Општина Делчево. Покрај материјалната штета потенцијалните лица кои ги уништуваат овие предмети се изложуваат себеси на висок степен на ризик по сопственото здравје и живот, бидејки оваа новогодишна улична расвета е под висок напон.

Share/Save/Bookmark