Postapki i_proceduri Gradezni dozvoli 

Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности

DSC 0002_resize

Во среда на 27.12.2017 година со почеток во 14:00 часот во ООУ „Ванчо Прке“ се одржа третата седница на Советот на Општина Делчево. Откако беше усвоен Записникот од втората седница на дневен ред беа ставени 18 точки и една дополнителна.

На седницата од страна на раководителката на одделението за финансиски прашања пред советниците беа образложени 5 точки од дневниот ред и тоа:

1.Квартален извештај за извршувањето на Буџетот на Општина Делчево за квартал 3 со Заклучок за усвојување;
2.Предлог-Буџет на Општина Делчево за 2018 година;
3.Предлог-Одлука за извршување на Буџетот на Општина Делчево за 2018 година;
4.Буџетски календар;
5.Предлог-одлука за утврдување на вредност на бодот за платите на државните службеници за 2018 година;

Сите кои сакаат подетално да го разгледаат усвоениот Буџет на Општина Делчево за 2018 година може да го најдат на следниот линк ТУКА

Тони Стоименовски-Советник за поддршка на ЛЕР ги образложи точките 6 и 7. Под точка 7 – Советот  усвои Одлука за пристапување на Општина Делчево како соосновач на Здружение за рурален развој Локална Акциона Група „Малеш – Пијанец“ во кое здружение учествуваат општините Делчево, Пехчево и Берово. Со формирањето на ЛАГ „Пијанец-Малеш“ се отвора можност за аплицирање за проекти за рурален развој преку нова мерка на ИПАРД програмата во која учество земаат само регистрирани локални акциони групи.

Точка 8 - Програма за работа на Советот на Општина Делчево за 2018 година ја образложи претседателот на Советот на Општина Делчево.

Точка 9 - Предлог-Одлука за формирање на Комисија за именување на улици, плоштади, мостови и други инфраструктурни објекти на подрачјето на општина Делчево беше образложена од Маја Стоименовска- Самостоен референт за работа со ГИС.

Усвоени се и точките:

10. Предлог-Одлука за вклопување на бесправно изграден објект, станбена куќа во урбанистичко планска документација на Дејанчо Величков, с. Вирче;

11. Предлог-Одлука за вклопување на бесправно изграден објект,помошен објект во урбанистичко планска документација на Ванчо Џаџовски, с. Тработивиште;

12.Предлог-Одлука за утврдување на Нацрт Детален урбанистички план (ДУП) Лесна индустрија и сервиси м.в. „Стар Монопол“ за дел од УБ 2,6 во УЕ 2, Општина Делчево;

Кои беа образложени од страна на Горан Петровски-Раководител на Одделението за урбанизам, уредување на градежно земјиште и заштита на животна средина.

Советот на Општина Делчево избра и нов командир на полициската станица Делчево, нов командир на ПС ОН Делчево е Стојан Димитровски кој доаѓа на местото на досегашниот командир Кирил Синадиновски.

Усвоени се годишниот извештај за работа на ЈЛБ „Илинден“ Делчево за 2017 како и Годишна програма за работа на ЈЛБ „Илинден“-Делчево за 2018 – образлагач Анита Димитровска, в.д директор.

Звонко Атанасов-Советник за уредување на градежно земјиште и заштита на животна средина ги образложи точките 16 и 17:

Предлог-Прогрма за уредување на градежно земјиште на подрачјето на Општина Делчево за 2018 година;
Предлог-Програма за изградба, реконструкција, одржување и заштита на општинските патишта и улици во општина Делчево за 2018 година;

Треба да се напомене дека советниците од опозицијата ја напуштија седницата на советот веднаш откако беше усвоен дневниот ред и не учествуваа во работата на Советот со образложение дека оваа активност е како знак на револт за притворените од настаните од 27ми Април 2017.

Претседателот Драган Маенвски истакна дека Советот на Општина Делчево не е Суд и дека тие не се надлежни да донесуваат судски одлуки но дека е демократско право на опозицијата да настапува согласно нивните убедувања.

DSC 0003_resize

DSC 0005_resize

 

 

Share/Save/Bookmark

Коментирај

Коментари кои не се поврзани со текстот што е објавен, нема да се објавуваат.
Коментари кои содржат навредлива содржина по било која основа нема да се објавуваат.
Коментари кои содржат несоодветни зборови нема да се објавуваат.
Коментари кои се упатени на други коментари а се со содржина која не е поврзана со содржината на текстот на статијата нема да се објавуваат.


Последни актуелни информации

Објавено на 24 Мај 2018, 11.00 од Д.Чапевски
2018-05-24-08-43-12 Општина Делчево денеска го одбележува Денот на сесловенските просветители, светителите Кирил и Методиј, 24 Мај, кои се слават како заштитници на градот Делчево. По тој повод, денеска во крстилницата...
Објавено на 22 Мај 2018, 07.00 од Д.Чапевски
-27- Автобусот на Европската кампања за гарантирани шеми за минимален приход, #EMINbus овој викенд ќе пристигне во Делчево.Настанот што ќе се случи на 27 мај со почеток во 13 часот во Спомен-домот АСНОМ е...
Објавено на 21 Мај 2018, 10.55 од Д.Чапевски
----24-----------24--------- Општина Делчево со посебен пиетет го одбележува Денот посветен на сесловенските просветители, светителите Кирил и Методиј, 24 Мај, кои се слават како заштитници на градот Делчево. По тој повод,...
Објавено на 21 Мај 2018, 08.29 од Д.Чапевски
-142-  Со богата културно-уметничка програма, ликовна изложба и планинарски марш, Општина Делчево и Разловци одбележаа 142 години од Разловечкото востание. Во рамките на одбележувањето, градоначалникот...
Објавено на 18 Мај 2018, 19.09 од Д.Чапевски
2018-05-18-18-20-48 Генерацијата матуранти 2017/2018 од делчевската гимназија СОУ„М.М.Брицо“ вечерва ја прославија својата матура. Традиционално пред почетокот на матурската забава која и оваа година се одржа во...
Објавено на 18 Мај 2018, 11.54 од Д.Чапевски
2018-05-18-11-00-31 Построени и достоинствени, денеска пожарникарите поднесоа рапорт на градоначалникот Трајковски во рамките на церемонијалниот дел од одбележувањето на Денот на пожарникарите, 20 Мај во ТППЕ...
Објавено на 17 Мај 2018, 07.27 од Д.Чапевски
2018-05-17-06-36-30 Градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковски на најдобрите 10 матуранти од СОУ „М.М.Брицо“ ќе им додели награда во вид на наградно патување низ Европа. Согласно со критериумите од Правилникот со...
Објавено на 16 Мај 2018, 13.49 од Д.Чапевски
2018-05-16-12-56-07 Општина Делчево започна со обележување на пешачките премини на улиците низ градот Делчево. Самото обележување на хоризонталната сигнализација спаѓа во делот на редовно одржување на улиците, каде се...
Објавено на 15 Мај 2018, 12.07 од Д.Чапевски
2018-05-15-11-10-22 Почнаа градежните работи на улицата „Маршал Тито“ во центарот на градот. Реконструкцијата ќе ја опфати улицата во должина од 340 метри и тоа од хотел „Македонија“ до над ресторанот „Трла“, односно...
Објавено на 14 Мај 2018, 09.14 од Д.Чапевски
2018-05-14-08-20-43   По налог на Општина Делчево и градоначалникот Горан Трајковски, екипи на ЈПКД „Брегалница“  ја исчистија депонијата за градежен шут Ралова Чука која се наоѓа непосредно до влезот на градот...
Објавено на 14 Мај 2018, 08.54 од Д.Чапевски
-142- Општина Делчево со посебна чест и задоволство Ве поканува на одбележување на годишнината од значајниот датум од Предилинденскиот период, 142 години од Разловечкото востание.По тој повод, на 20 мај во...
Објавено на 11 Мај 2018, 10.53 од Д.Чапевски
2018-05-11-09-55-53 Изведувачот на работите „Реконструкција на дел од улица Маршал Тито“ во Делчево, „ЕСКАВАТОРИ – МК“ СКОПЈЕ, на ден 14.05.2018 ќе започне со изведување градежни работи на дел од улицата „Маршал Тито“ во...
Објавено на 10 Мај 2018, 15.23 од Д.Чапевски
2018-05-14-06-26-43 Минатата година на територијата на општина Делчево се случиле 37 пожари од кои 9 шумски, 16 на отворен простор, при што изгорела 157.1 ха шума, 78.3  ха сува трева и пасишта и 14.904 м3 дрвна маса....
Објавено на 10 Мај 2018, 14.02 од Д.Чапевски
2018-05-10-13-04-16 Во ООУ „Св.Кирил и Методиј“ Македонска Каменица денеска се одржуваат регионални натпревари за „Детски семафор 2018“ и „Сообраќајно-техничка култура на младите 2018“ каде учество ќе земат екипи од...
Објавено на 09 Мај 2018, 12.04 од Д.Чапевски
2018-05-09-11-13-52 Делчево денеска одбележа 73 години од победата над фашизмот и 68 години од Денот на Европа. По тој повод, пред споменикот на паднатите борци во центарот на градот, членовите на КУД „Гоце Делчев“ одржаа...
Објавено на 09 Мај 2018, 11.41 од Д.Чапевски
2018-05-09-10-42-47 Советниците го избраа новиот состав на Советот на млади на Општина Делчево. Ова младинско советодавно тело кое се формира со цел активно вклучување на младите во јавниот живот на Општината.  За...
Објавено на 08 Мај 2018, 13.20 од В.Мицевски
-7- Најдобар полициски служебник во општина Делчево е Лилјана Даневска- Богдановска. Таа ја доби традиционалната награда од Општина Делчево која се доделува по повод 7 Мај, Денот на македонската полиција....
Објавено на 08 Мај 2018, 12.34 од Д.Чапевски
2018-05-08-11-38-30 На Деветтата редовна седница, делчевските советници едногласно ги донесоа одлуките за  утврдување приоритетни проекти со кои Општина Делчево и трите образовни институции во градот, аплицираат по...
Објавено на 05 Мај 2018, 07.53 од Д.Чапевски
2018-05-05-07-01-10  Вработените во Општина Делчево  денеска се вклучија во акцијата за чистење на дивите депонии и јавните површини која е на иницијатива на ЗЕЛС. Акцијата се спроведува во сите општини во...

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес1003
mod_vvisit_counterВчера863
mod_vvisit_counterОваа недела5403
mod_vvisit_counterПретходна недела7733
mod_vvisit_counterОвој месец28565
mod_vvisit_counterПретходен месец43618
mod_vvisit_counterВкупно1964571

Присутни online: 20
Ваша IP: 54.166.245.10
,
Денес: Мај 25, 2018