Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности

Врз основа на член 35 став 3 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл.Весник на РМ бр. 199/2014, 44/2015,193/15, 31/16,163/16),член 50 точка 4 од Законот за локална самоуправа ("Сл.весник на РМ" бр.5/02), член 107 од Статутот на Општина Делчево, и донесената Годишна програма за изработување на урбанистички планови на Општина Делчево за 2017 година со Одлука бр. 09-219/1 од 22.02.2017 година, од Советот на Општина Делчево, Градоначалникот на Општина Делчевого дава следното:

С О О П Ш Т Е Н И Е

спроведување на ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА И ЈАВНА АНКЕТА за
Архитектонско урбанистички проект за формирање на ГП 1 и ГП2 со намена А1 домување во станбени куки за к.п. бр. 5682 к..о Звегор – согласно Општ акт за с. Звегор

Граници на опфат:  К.п. бр. 5682 к.о. Звегор

односно:

Јавната презентација ке се одржи на ден 10.01.2018г. во просториите на Спомен дом ,АСНОМ,, ( сала на совет) со почеток во 12  часот и почетокот на јавната презентација вооедно ке претставува и почеток на јавна анкета.

Соопштението за организирање на јавна презентација и јавна анкета заедно со графички прилог од  Архитектонско урбанистички проект за формирање на ГП 1 и ГП2 со намена А1 домување во станбени куки за к.п. бр. 5682 к..о Звегор ,  ке бидат објавени во две јавни гласила и ке биде изложен на излогот на Градско кино во Делчево, на излогот на продавниците во с. Звегор и на интернет страна на Општина Делчево.

Јавната анкета ке трае 5  работни дена , сметано од денот на одржување на јавната презентација

Во наведениот термин и период заинтересираните правни и физички лица ке можат да пополнат Анкетни листови и да ги достават до архивата на општина Делчево од 08-16 часот . Анкетните листови се наоѓаат во просториите на Општина Делчево како и во системот е-урбанизам, а во определениот рок заинтересираните правни и физички лица од конкретното подрачје опфатено со планот објавен на јавна презентација можат да доставуваат писмени  забелешки на анкетните листови во писмена форма или во електронска форма преку системот е -урбанизам.

 По  завршувањето на јавната анкета и јавната презентација стручна комисија ке изготви извештај со образложение за неприфатени забелешки

 

                                                                    ОПШТИНА ДЕЛЧЕВО
                                                                                 Градоначалник
                                                                                Горан Трајковски

Share/Save/Bookmark